успешни личности

Пораката на Џејми Оливер до сите деца со дислексија

Како светски најпознат готвач на ова време, Џејми Оливер има публикувано 20 книги, со заработка од 250 милиони долари, а за време на училишните денови бил етикетиран како дете со посебни потреби поради својата дислексија. Тој исто така немал прочитано ниту една книга се до својата 38ма година. Неодамна, за Radio Times изјави дека токму во дислексијата се крие тајната на неговиот успех. “Навистина мислам дека кога ќе разберете дека некое дете има дислексија, треба да клекнете пред него, да му подадете рака и да му кажете “Браво! Ти имаш многу среќа!” Кога сум на состанок, едноставно поинаку гледам на проблемите и се залагам за работите на поинаков начин. За некои треба да се испотите и да плачете и сами да ги направите.”- вели тој. Претседателот на Австралиското здружение за дислексија, Џод...

Ештон Кучер дислексичар?

Најверојатно според насловот на статијава се прашувате дали Ештон Кучер е дислексичар? Дали и тој е дел од онаа листа на славни личности со дислексија, како што се Том Круз, Алберт Ајнштајн, Џенифер Анистон и др.? Но, одговорот е НЕ, Кучер не е дислексичар. Сосема случајно го гледавме говорот на Ештон Кучер на доделувањето на наградите на Teen Choice Awards. Но, каква врска има говорот на Кучер со дислексија ? Говорот потенцира три главни точки и сите три – многу соодветни за лицата со дислексија: „Можностите изгледаат многу слично како и напорната работа” – тоа е карактеристика за целата популација, но уште покарактеристично за дислексичарите. За да успеат, дислексичарите се принудени да работат многу понапорно за да ги пронајдат нивните можности и полиња каде што можат да успеат; „Најсек...

Том Круз: „Дислексијата не ме спречи да бидам успешен актер“

Средното училиште го завршува во 1980 година и вели дека по завршувањето на средното училиште, сè уште бил неписмен поради проблемите со читањето и учењето. Круз покажува потешкотии во учењето уште од најрана возраст, но конечно научил да чита дури кога бил возрасен, со помош на „Study Technology“, метод за учење создаден од Рон Хабард. Мојот најголем сон како дете беше да бидам пилот. Како дете, моите родители многу често се селеа од едно на друго место. Најважната работа за мене, при секоја селидба, беше да ги имам со мене сликите од авионите. На 22 години го подготвив филмот Top Gun и конечно добив можност да ми се оствари сонот, односно да бидам пилот. Па така, почнав да земам часови за летање, но едноставно не успеав. Луѓето почнаа да ме прашуваат што се случи и зошто не продолжив, па...

Кира Најтли: „Сценариото за филмот Чувство и чувствителност ми помогна да ја надминам дислексијата“

Извонредно талентираната актерка Кира Најтли објави дека ја надминала дислексијата како дете со читање сценарио од Ема Томсон. 32-годишната актерка вели дека единствениот начин на кој таа можела да го надмине нејзиниот проблем со учењето, било читањето на сценариото за филмот Чувство и чувствителност и замислувајќи што Томсон ќе направи во „нејзините чевли“. Најтли, која била дијагностицирана со дислексија на 6-годишна возраст, изјавила дека е голем фан на режисерката која е добитничка на оскар – почитуваната Ема Томсон. За списанието GQ magazine изјавила: „Мајка ми во тоа време работеше на филмот Чувство и чувствителност и дома ми донесе копија од сценариото на филмот што го има напишано Томсон.“ Јас само кажав: „Ама, јас сум дислексична, како да го прочитам целото сценарио?” Мајка ми го ...

Преку режирање филмови, Спилберг ги надминува проблемите со дислексијата

Кога ќе помислиме на успешни режисери од Холивуд, сигурно меѓу првите ќе се сетиме на Стивен Спилберг. Поголемиот дел од луѓето, дури и неговите најверни фанови, никогаш не би помислиле дека еден од најпознатите режисери во светот се соочува со дислексија целиот свој живот. Уште поинтересен факт е тоа што Спилберг до поодминатите години воопшто не бил свесен за својата дислексија, ниту пак, му била откриена. Но, Стивен не дозволил дислексијата да застане на патот до остварувањето на неговите соништа. На Спилберг дислексијата му била откриена дури на 60-годишна возраст. Кога му била откриена, тој изјавил: „Сега конечно го пронајдов и последното парче од мозаикот на мојот живот што досега никогаш го немав пронајдено.“ Тој отворено зборува за тоа како не бил способен да чита и секогаш читал м...