disleksija

DyslexicFZF ги прави подостапни текстуалните содржини за лицата со дислексија

Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во учењето, за која во светот повеќе од една деценија се користи асистивна технологија. Преку асистивната технологија значително се олеснуваат проблемите со кои се соочуваат лицата со дислексија. Во нашата држава овој тип на технологија воопшто и не постоеше се додека Филозофскиот Факултет Скопје, Здружението за дислексија Ајнштајн и ИТ компанијата Emit Knowledge не ги превземаа првите чекори кон создавање на инклузивни образовни услови за лицата со дислексија преку креирање на првиот кирилски фонт за дислексија и креирање на првиот Dyslexic Plug-in наменет за интернет пребарувачот Google Chrome. Со Доц.др. Александра Каровска Ристовска и м-р Маја Филиповска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација  при Филозофскиот Факулте...

Креативци со преголемо срце

Некои би рекле потешкотија, јас би рекла дарба. Некои би рекле состојба, јас би рекла шарени умови. Попреченост, болест ни најмалце! Јас, јас би ги дефинирала како љубов она искрена, како чувство она знаете кога од среќа се движите напред назад и не знаете што попрво да направите. Јас јас би ги дефинирала како платно со многу бои, палета. Жолта за среќа, сина за успех, зелена за позитива, црвена за љубов, бела за ведрина, портокалова за новиот ден. Како интелектуалци, како личности кои што развиваат свои на чуден начин теории. Би ги дефинирала како музика, како ноти, како кутија полна со емоции, многу емоции. Како блок број 5, на кој што со големи букви секоја во разна боја пишува СРЕЌАЉУБОВ НАСМЕВКАМАМАТАТО. За мене дефиниција е ова: Дислексија=креативност Дислексија=интуиција Дислексија=...