dyslexia awareness

Пораката на Џејми Оливер до сите деца со дислексија

Како светски најпознат готвач на ова време, Џејми Оливер има публикувано 20 книги, со заработка од 250 милиони долари, а за време на училишните денови бил етикетиран како дете со посебни потреби поради својата дислексија. Тој исто така немал прочитано ниту една книга се до својата 38ма година. Неодамна, за Radio Times изјави дека токму во дислексијата се крие тајната на неговиот успех. “Навистина мислам дека кога ќе разберете дека некое дете има дислексија, треба да клекнете пред него, да му подадете рака и да му кажете “Браво! Ти имаш многу среќа!” Кога сум на состанок, едноставно поинаку гледам на проблемите и се залагам за работите на поинаков начин. За некои треба да се испотите и да плачете и сами да ги направите.”- вели тој. Претседателот на Австралиското здружение за дислексија, Џод...

Microsoft објави асистивна технологија за лицата со дислексија

Microsoft објави низа на нови алатки, односно асистивна технологија за лицата кои се соочуваат со дислексија, а со тоа дадоа голем глобален придонес за овие лица. Со потпишувањето на соработка со фондацијата Made by dyslexia, оваа компанија вети дека ќе даде свој придонес во олеснувањето на читањето, пишувањето и математиката за лицата со потешкотии во учењето. Сатја Надела, извршен директор на Microsoft, ја објави оваа вест на глобалниот самит Made by dyslexia на 15 октомври во Лондон, преку креативно видео. “Задоволен сум од прогресот кој го правиме со новите алатки за учење, кои се дел од Microsoft 365.” – изјави тој, а потоа во една од неговите објави на LinkedIn напиша- “Ништо не ми причинува поголемо задоволство, од тоа да ги гледам нашите клиенти задоволни од технологијата што ја гр...

Принцезата Беартис и покрај потешкотиите во читањето и пишувањето ја смета дислексијата за дарба

  Принцезата Беатрис открива дека има дислексија и дека таа состојба за неа представува чест и гордост. 28 годишната Беатрис, која била детектирана со оваа состојба кога имала 7 години, ја опишува дислексијата како дарба и алатка која дава можност да мислиме поинаку. За да го одбележи месецот на дислексијата, Принцезата Беатрис, отворено зборува за истата во центарот за дислексија Хелен Аркел, и вели: “Еден од моите најрани спомени е кога ја прелистував книгата на Беатрикс Потер. Се сеќавам дека илустрациите во книгата беа прекрасни, но зборовите во неа не ми значеа ништо. Кога одев на училиште го помнам моментот кога наставничката ми рече ‘што ме гледаш, зборовите не се напишани на моето чело’” Беатрис, која е најстара ќерка на принцот Ендру и седмата личност до тронот, вели дека иак...

Принцот Карл Филип “Ништо не ме прави потажен од фактот дека децата со дислексија се сметаат за глупави”

Принцот Карл Филип говори за својата битка со дислексијата. Принцот, кој има пасија кон брзи автомобили, лов и други активности на отворено,  заедно со неговата сопруга Принцезата Софија, веќе имаат две деца. Во однос на тоа принцот изјави дека нема да дозволи ниту едно од неговите деца да страда поради стигмата поврзана со дислексијата. “Принцот Карл Филип има дислексија” – изјави Бенгд Ерик Џонасон од Шведското Здружение за дислексија, каде што самиот Карл Филип е покровител. “Тој ми кажа колку е важно децата кои што имаат потешкотии во читањето и пишувањето да не бидат отфрлени од училиштето. Исто така, тој вели дека ништо не го прави потажен од тоа овие деца  да се сметаат за глупави поради нивната дислексија. Многу е важно учениците да не се чувствуваат отфрлени и сами во училиште. Мо...