Сподели го написот

Tехники за самопомош / Дислексија / Избрани текстови / Совети

Тајни за успех на дислексичарите

Тајни за успех на дислексичарите

Во светот имаме многу успешни луѓе со дислексија и безброј успешни приказни. Секоја од нив е инспирација и личен триумф.

Не можеме сите да бидеме Том Круз или Ричард Бренсон, двајца хиперуспешни дислексичари, но успехот не се мери само во богатството и славата. Успехот претставува пронаоѓање на своето место на овој свет, градење на самодоверба и надминување на дислексичните потешкотии, а ова е нешто што секој дислексичар може да го постигне. Тоа го можеш и ти.

Во повеќе наврати пишувавме за многуте успешни дислексичари низ светот. Но, што заедничко стои во позадина на сите тие успешни приказни?

Мораме да бидеме свесни дека не постои магично стапче што ќе нè однесе до успехот. Не постои постигнување успех без вложен напор и напорна работа. Затоа, засукајте ги ракавите и започнете со работа. Следуваат 7 заеднички особини што ги најдовме кај најголем дел од успешните дислексичари.

  1. Никогаш не откажувајте се

Свесни сме дека во животот имаме многу предизвици и пречки, но, едноставно, ако сакаме да успееме, не смееме да дозволиме ништо да нè спречи, токму и затоа никогаш не треба да се откажеме од ништо. Животот е борба, особено за лицата со дислексија, и затоа борбата не треба да ја напуштаме. Запомнете: успехот најчесто доаѓа по серија неуспеси. Секогаш славете го секој свој успех. Само така ќе имате мотивација за да продолжите понатаму.

  1. Бидете подготвени да работите понапорно

Како дислексичар биде подготвени на тоа дека за некои работи ќе мора да работите многу понапорно од останатите. Затоа бидете подготвени да работите понапорно, но убедени сме дека така вашиот успех ќе биде многу позначаен од успехот на останатите. На пример, човек што нема дислексија, телефонскиот број ќе го запомни по две повторувања, но на дислексичарот најверојатно ќе му бидат потребни 20 повторувања за да го запомни телефонскиот број.

  1. Држете ги вашите очекувања на пониско ниво

Да, да… токму така! Намалете ги вашите очекувања! Најголем дел од разочарувањата и фрустрациите во животот произлегуваат токму од високите очекувања.

  1. Постојано повторувајте и вежбајте

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на светот, постојано вежба и ги повторува истите техники само за да биде успешен. Генерално сите спортисти многу повеќе време поминуваат во тренирање и вежбање отколку во играње. И најголем дел од успешните дислексичари постојано вежбаат и повторуваат за да стигнат до успехот или да го задржат. Дури и кога мислите дека нешто што сте го научиле го знаете за целиот свој живот, не престанувајте да го повторувате и да вежбате.

  1. Пронајдете ги вашите силни страни

Во текот на животот сигурно сте пронашле некое поле во кое сте многу успешен и ве прави среќен. Токму тоа треба да го цените кај себе, без разлика на мислењата на околината и луѓето што ве опкружуваат. Том Круз и Кира Најтли го сакале актерството и тоа сè уште го прават. Џон Ленон бил заљубен во музиката, и тој сè уште свири секојдневно. Запомнете: сите имаме нешто во кое сме одлични.

  1. Поттикнувајте се себеси

Светот е полн со разочарувања и често ни носи лоши вести, па така, на сите ни треба поттик и охрабрување. Многу важно за учениците со дислексија е да добиваат охрабрување од околината. Отворено зборувајте со своите пријатели за вашата потешкотија во учењето. Само така ќе можат да ве разберат и да ви понудат вистински поттик и охрабрување.

  1. Посветени родители и наставници

Речиси кај сите успешни дислексичари заедничко е тоа што сите имале голема љубов, разбирање и поддршка од своите родители. Затоа и треба да побарате поддршка од наставниците и родителите, бидејќи тие се луѓето што најмногу треба да ве охрабруваат и водат кон патот до успехот.

Запомнете: постојат многу познати дислексичари, но да се биде познат, не е успех. Успехот е да верувате во себе и да ги надминете пречките. ВИЕ ТОА ГО МОЖЕТЕ!!!

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>