Сподели го написот

Tехники за самопомош / Избрани текстови

СТРАТЕГИИ ЗА ПОЛЕСНО ЧИТАЊЕ

СТРАТЕГИИ ЗА ПОЛЕСНО ЧИТАЊЕ

Учебниците, лектирите и списанијата се само дел од секојдневните задачи што дислексичарот ќе треба да ги прочита. Дислексичарите генерално имаат проблеми со читањето, што може да им предизвика тешкотии во секојдневното живеење. Но, тоа не треба да обесхрабрува, бидејќи следните читачки стратегии можат да бидат од голема помош.

Различни начини на читање

Постојат три различни читачки техники, а тоа се:

  • Техника за потрчување низ текстовите
  • Техника за скенирање
  • Техника за детали

Целта на читањето е да се добијат информации. Во зависност од тоа што треба да го знаете, не секогаш е потребно читањето на секој збор од текстот. На пример, доколку сакате да пронајдете телефонски број во именикот, немате потреба да ги читате сите имиња што се напишани. Најверојатно само ќе ги скенирате имињата додека не го најдете името што го барате.

 

Техника за потрчување низ текстовите Техника за скенирање Техника за детали
Цел Да се разбере главната поента Да се пронајде специфичната информација Да се чита внимателно и да се апсорбираат детали
Пример Читање списание Прелистување  каталог или именик Читање прирачник со инструкции за употреба
Резултат Да се добие претстава за напишаната содржина Пронаоѓање на специфичниот податок што се бара Да се разберат деталите

 

Техника за потрчување низ текстовите

Целта на оваа техника е да се добие, односно сфати, главната идеја или поента. Оваа техника најчесто се применува кога се чита некое списание и сакате да добиете некоја информација, но не мора да го прочитате целиот текст. Корисен совет за оваа техника е да ја прочитате првата и последната реченица од секој параграф. Овие реченици најчесто ја содржат поентата, а останатите реченици се фокусираат на деталите.

Техника за скенирано читање

Разликата во оваа техника е тоа што барате конкретна, одредена информација, име или број, како што споменавме за телефонскиот именик. Всушност, дислексичарите се одлични во оваа техника бидејќи имаат развиено многу добра визуелна перцепција. Најчесто зборот или името што тие го бараат, секогаш се издвојува.

Техника за детално читање

Ова е најтипичната техника за читање на која што нè учеле на училиште. Секогаш се чита секој збор од страницата, со цел да се разбере што писателот сака да пренесе до читачот. Како и да е, со користењето на техниката за потрчување низ текстот и техниката за скенирано читање, можете значително да го скратите деталното читање и да ги запаметите само важните поенти или параграфи.

Тактичко читање

Иако со техниките за потрчување низ текстот и техниката за скенирано читање се намалува обемот за читање, сепак остануваат уште информации што треба да бидат прочитани. Но, сепак, паметните читачки тактики можат да помогнат во тоа.

  • Запишување поими. Имајте при рака лист и пенкало. Додека читате, запишувајте ги клучните поими или тригер зборови. Исто така, проверувајте се себеси за да бидете сигурни дека сте ги разбрале информациите. Многу е лесно да се падне во онаа стапица на разбирање на поединечните зборови без да се разбере целиот текст. Токму затоа е важна проверката на самите себе.
  • Големи букви/фонтови: Големите букви се многу полесни за читање. Обидете се да ја користите зум-функцијата на фотокопирот за да ги зголемите документите, со цел да ги направите полесни за вашите очи.
  • Секогаш црните букви на бел лист ќе претставуваат проблем за еден дислексичар. Користењето листови во боја може да претставуваат голема помош. Користењето вакви листови е контроверзно и често оспорувано од стручните лица, но, воедно, и голем дел од дислексичарите се задоволни од нив и веднаш го согледуваат ефектот. Затоа обидете се, и доколку ви бидат од корист, слободно користете ги.
  • Лекторирање: Доколку имате можност да имате некој што ќе ги лекторира вашите текстови, би било одлично. Но, во случај да ја немате оваа можност, лекторирањето знае да биде навистина тешко за дислексичарите. Корисен совет е да почнете со читање од крајот на текстот. Со читањето на текстот од крајот кон почетокот се губи самата поента на напишаното, и можноста за погодување на зборот или претпоставка за зборот, значително се намалува. На овој начин многу повеќе можете да ги забележите грешките.

 

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>