Сподели го написот

Дисграфија / Совети

Техники за пишување на состави кога е присутна дисграфијата

Техники за пишување на состави кога е присутна дисграфијата

Од особена важност е учениците да не го избегнуваат целосно процесот на пишување, без оглед колку е тешка нивната дисграфија. Пишувањето е важна животна вештина потребна за потпишување документи, пополнување формулари, пишување писма, пишување телефонски пораки или пишување список за намирници. Затоа студентите треба да бидат способни да пишуваат, дури и ако не можат да пишуваат подолго време.

Некои ученици со дисграфија може да пишуваат или препишуваат поединечни реченици со одредена леснотија, но тие обично имаат тешкотија со пишување состав. Овие ученици ќе треба да се научат на техники што им овозможуваат да го пишуваат секој дел поединечно пред да ги обединат во еден текст. За полесно пишување текстови, учениците можат да ги следат овие осум чекори:

  1. Размислете поединечно за сите ваши идеи што сакате да ги напишете во текстот.
  2. Организирајте ги идеите што сакате да ги изразите во писмена форма. Овој тип на организација лесно се изведува со помош на визуелни графички организатори. На пример, можете да креирате мапа на умот, така што главната идеја ќе биде поставена во круг што се наоѓа во центарот на страницата, и останатите идеи и факти да се напишани на линии што излегуваат од главниот круг. На вашиот Интернет-пребарувач можете да најдете примери за мапирање на идеите (mindmap).
  3. Анализирајте го вашиот графички организатор за да одредите дали ги вклучивте сите ваши идеи.
  4. Ако имате тешкотии со правописот, направете листа на потешки или важни зборови што можеби сакате да ги вклучите во вашето пишување. Ако ја имате оваа референтна листа, таа ќе ви помогне да пишувате повеќе, затоа што нема да морате да престанете да размислувате како да ги пишувате големите зборови.
  5. Сега, направете / напишете план за вашиот состав, фокусирајќи се на содржините на идеите. Ако имате компјутер, најдобро е планот да го напишете директно на тастатурата. Ова ќе ја олесни проверката на напишаното.
  6. Сега ќе ви требаат специфични техники и стратегии за лекторирање на вашиот труд, проверка за соодветна употреба на интерпункција, големи букви и граматика.
  7. Променете го вашиот состав со вклучување на корекциите што ги утврдивте погоре.
  8. Веќе ја имате финалната верзија на текстот во која идеите ќе бидат правилно организирани.

Дисграфијата многу често оди заедно со дислексијата. Немојте да дозволите вашата креативност и имагинација да бидат спречени од дисграфијата. Грешките при пишување не се одраз на вашата интелигенција, затоа трудете се да ги надминете тешкотиите за да излезат на површина вашите вистински потенцијали.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>