Тестирајте се за дислексија

Упатство за пополнување:

Следните изјави го опишуваат начинот на кој се однесуваш при учење или читање. Прочитај ја секоја изјава внимателно и ОДБЕРИ ОДГОВОР КОЈ НАЈДОБРО ГО ОПИШУВА НАЧИНОТ НА КОЈ ЧИТАШ ИЛИ УЧИШ. Работи брзо и одговарај според твојот прв впечаток и продолжи понатаму. Не се задржувај на ниту еден детаљ.

Одговори на секоја од изјавите на начинот на кој се чувствуваш во моментот додека ги читаш. Запомни, нема точен или погрешен одговор за ниедна изјава и биди искрен/а колку што можеш. Ова анкетно истражување е целосно анонимно и нема потреба да внесувате ваши лични податоци.

Одговорот кој најмногу се однесува на тебе обележи го со  Х во соодветното поле и запомнете можен е само еден одговор.

Пополнете го тестот

Наведете го вашиот пол (машко/женско):
Имав тешкотии додека да ја научам азбуката.
Тешко ги одредувам насоките лево и десно.
Имам слаба самодоверба.
При писмена работа правам граматички грешки при употреба на мала и голема буква и употреба на интерпункциски знаци (точка, запирка, извичник и др.)
Кога зборувам тешко ми е да го најдам вистинскиот збор за да именувам или да опишам нешто.
Ми се случува да добијам ненадејна желба да нацртам или да направам нешто креативно.
Чувствувам дека сум различен/а од другите во однос на тоа како ги разбирам работите како што се двосмислени работи, вицови, xумор, метафори и слично.
Тешко ми е да запомнам повеќе инструкции одеднаш и се чувствувам збунето
Полесно учам кога материјалот ќе го поделам во делови и/или шематски ќе го прикажам.
Подобро го разбирам материјалот кога ми чита некој друг.
Родителите и наставниците ми велат дека не се трудам доволно, иако тоа не е така.
И покрај тоа што се трудам ме нарекуваат “ мрзелив“, “ глупав“, “ неодговорен“, “ незрел”.
Имам проблем со разбирањето на текстуалните задачи по математика.
Ми се случува да добивам послаби оценки и покрај тоа што сум го учел материјалот.
Ми се случува да го губам редот при читање.
Често избегнувам да читам и пишувам.
Применувам трикови за да избегнам читање на глас за време на часот.
Имам проблем при пренесувањето на идеите во пишана форма.
Никогаш не го разбрав римувањето на зборови, и се уште тешко можам да направам рима.
Родителите и наставниците ми велат дека при пишување испуштам букви, заменувам букви и зборови, испуштам интерпункциски знаци и дека не ја знам употребата на мали и големи букви.
Имам чувство дека буквите ми се замаглуваат, се губат или се движат додека  читам.
Во основно училиште бев исмеван/а поради моето читање.
Се чувствувам нервозно кога треба да читам на глас пред јавност.
Имам проблем да го разберам тоа што го читам и после повеќе пати прочитано.
Се заморувам после неколку прочитани страници.
Ме збунуваат слични букви како што се: “Џ“ и “Ц“, “Љ“ и “Њ“, “Ќ“ и “Ѓ“ ,“Т“ и “Г“ , “Х” и “Ж”.
Имам проблеми кога треба да препишувам од табла.
Ми се случува да имам решение за одреден проблем, а да не можам да го образложам решението.
Ме збунуваат кратките зборчиња во речениците: oд,  до,  за,  по,  го,  му …
Се уште тешко читам.