Сподели го написот

Избрани текстови / Познати личности

Том Круз: „Дислексијата не ме спречи да бидам успешен актер“

Том Круз: „Дислексијата не ме спречи да бидам успешен актер“

Средното училиште го завршува во 1980 година и вели дека по завршувањето на средното училиште, сè уште бил неписмен поради проблемите со читањето и учењето. Круз покажува потешкотии во учењето уште од најрана возраст, но конечно научил да чита дури кога бил возрасен, со помош на „Study Technology“, метод за учење создаден од Рон Хабард.

Мојот најголем сон како дете беше да бидам пилот. Како дете, моите родители многу често се селеа од едно на друго место. Најважната работа за мене, при секоја селидба, беше да ги имам со мене сликите од авионите. На 22 години го подготвив филмот Top Gun и конечно добив можност да ми се оствари сонот, односно да бидам пилот. Па така, почнав да земам часови за летање, но едноставно не успеав.

Луѓето почнаа да ме прашуваат што се случи и зошто не продолжив, па на сите им велев дека сум премногу зафатен околу снимањето на филмот и дека едноставно немам време. Вистината беше поинаква, јас не можев да научам како се прави тоа. На 7 години бев дијагностициран како дислексичар. Се обидував да се концентрирам на тоа што го читам, ќе дојдев до крајот на страницата и едноставно веќе имав заборавено што сум прочитал. Се чувствував празно, нервозно, фрустрирано, и мислев дека сум глупав. Во себе имав навистина многу лутина и гнев. Кога почнував да учам, чувствував болка во нозете и стомакот. При учењето, во секој момент чувствував дека главата ќе ми експлодира. Поради тешкотиите во учењето во училиштето, но и во текот на мојата кариера, се чувствував дека во себе кријам тајна. Кога ќе се префрлев во ново училиште, не сакав учениците да знаат за моите проблеми со учењето, и тоа го криев, но не за долго, бидејќи секогаш бев испраќан на дополнителни часови.

Во секое училиште стекнував по неколку пријатели, но секогаш најблизок бев со моите сестри и со мајка ми. Како малечок дома секогаш имитирав други луѓе и глумев, бев многу вешт во тоа. Мајка ми секогаш ми велеше: „Ти имаш толку многу потенцијал во себе, немој никогаш да се откажеш.“ Мојата мајка работеше три работи за да може да нè издржува мене и моите сестри, но и покрај сите обврски и тежок живот, наоѓаше и време да работи со мене. Кога требаше да се пишува домашната задача, прво ѝ ја диктирав на мајка ми, а таа ја пишуваше, па потоа внимателно ја препишував. Сменив три средни училишта и секогаш го користев тоа што сум ново дете во класот и наставниците секогаш ми попуштаа. Секогаш имав различни стратегии за тоа како да се справам во класот и секогаш на часовите кревав рака бидејќи знаев дека така повеќе ќе ме сакаат професорите. Ако имав тест попладне, секогаш доаѓав порано во училиште за да најдам некој ученик што го решил тестот порано и да ми каже сè што имало.

Се обидував да се вклучам во спортовите како кошарка, фудбал, хокеј, но никогаш не успевав да бидам дел од тимот, за жал.

Средното училиште го завршив во 1980 година, но на матурата воопшто не се појавив бидејќи се чувствував како да не сум го завршил училиштето, затоа што бев речиси неписмен. Обожавав да учам, но едноставно образовниот систем не беше приспособен за мене. Знаев и бев свесен дека, како и многу други луѓе, едноставно морам да најдам начин да се справам со проблемите со кои се соочував. Кога отидов во Њујорк да бидам актер, ми даваа текстови кои морав да ги научам за одреден карактер што требаше да го глумам. Тогаш седнував со сценаристот и режисерот да разговарам околу карактерот што требаше да го глумам, и така земав информации од нив што многу ми користеа, без да имам потреба многу да читам.

Имав навистина многу проблеми додека го снимав филмот Top Gun, но конечно во 1986 се случи промоцијата на филмот.

Веднаш по филмот се приклучив кон програмот Study Technology и за многу кратко време ги совладав сите проблеми со кои се соочував.

Пред да започнам со Study Technology, навистина многу се трудев. Одев на секакви приватни часови, курсеви и специјалисти и сите ми кажуваа дека ги имам сите знаци на дислексија, но никој не успеа да ми го каже решението за моите проблеми.

Набрзо сфатив дека можам да научам апсолутно сè што ќе посакам. И така, конечно станав и пилот. Првиот мој лет беше од аеродромот Санта Моника. Кога слетав, ѝ се јавив на мајка ми и таа веднаш почна да плаче и ми кажа: „Ти реков никогаш да не се откажуваш!“

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>