Сподели го написот

Дислексија

Профил на учениците со дислексија

Профил на учениците со дислексија

Различноста во потешкотиите со учењето и влијанието на секундарните фактори, како што се опкружувањето и самодовербата, значајно придонесуваат за индивидуалниот профил на ученикот со дислексија.

Професорите може да се сретнат со ученици што:

  • Имаат индивидуални потешкотии во учењето, различни стратегии за учење и емоционални одговори на проблемите;
  • Имаат развиено силно чувство на компензаторски стратегии. Со тоа е многу тешко да се препознаат потешкотиите кај ученикот, со оглед на вложениот труд и време за учење и прикривање на своите недостатоци;
  • Никогаш не биле кај стручно лице за дислексија и не се свесни за своите потешкотии, а имаат проблеми во ситуации каде што од нив се бара да ги покажат вештините за читање, пишување и организациските вештини;
  • Пишуваат писмени задачи што не ги покажуваат нивните вистински способности. Истите тие ученици, при презентирањето на некоја задача или усното одговарање, може да постигнат извонредни резултати, но кога ќе треба сето тоа да го напишат, наставникот ќе добие текст полн со печатни и граматички грешки, а понекогаш и текст без смисла.

Нагласокот е најчесто ставен на пишувањето. Меѓутоа, пишувањето е само еден аспект во целата низа потешкотии, што може да се однесуваат на:

  • Слушање и пишување забелешки за време на часот. Но, ова може да се промени, доколку на ученикот му се дозволи да снима со диктафон или мобилен телефон за време на предавањата. На овој начин, ученикот ќе може подобро да се сконцентрира и фокусира на предавањето и да го разбере тоа што се предава, наместо да го троши времето на запишување, што би му одзело многу време и концентрација;
  • Ограничена работна меморија, што резултира со читање на текстот по повеќе пати за да можат да го разберат и запомнат. Проблемите од овој тип може да се надминат, доколку на ученикот му се даде дополнително време за решавање на тестовите;
  • Пишувањето е значително побавно, недостасува автоматизам што придонесува за правописни грешки и изоставување зборови;
  • Тешкотии во изговарање на повеќесложни или непознати зборови;
  • Забавено читање, изоставување зборови и букви, погодување зборови по неколку прочитани букви, проблеми во разбирање на прочитаното и потреба за препрочитување на веќе прочитан текст или параграф;
  • Тешкотии и чувство на нервоза при гласно читање;
  • Проблеми во разбирањето и памтењето на повеќе зададени инструкции;
  • Збунетост во одредување на тоа што е лево а што десно, тешкотии во ориентацијата и читањето мапи;
  • Често чувство на замор како резултат на дополнителната концентрација и енергија, која се вложува за да се задоволат образовните норми на училиштето.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

1 Коментар

  1. Детето кое има потешкотии не е разбрано од наставниците.Обично го открива проблемот некој наставник кој во најблискиот круг односно семејство го почуствувал проблемот.Или некој можеби МНОГУ добар наставник педагог.Детето ви е многу мрзеливо, отсутно, има многу лош ракопис и.т.н.Ти се чудиш од кај да почнеш ама зборот ДИСЛЕКСИЈА за нив непознат и да те насочат на право место.Ниту пак матичните лекари каде да се обратиш.Пола од повеќето наставници како да не слушнале за интернет па нешто да прочитаат.Наместо нас родителите да не прашуваат што е тоа ДИСЛЕКСИЈА.Донеси документ ама дали ќе се променат тие наставници со тој документ .Не нема ништо да се смени додека со закон не се донесе одлука како тие наставници треба да се однесуваат спрема тие деца.Кој не го шочитува законот трба да плати со некаква казна или казнени поени после одреден број казнени поени тој НАСТАВНИК што згрешил дали во оваа проблематика или друга треба да му се одземе правото да работи со деца.Ова треба да биде најстрого .НАСТАВНИК не може да биде секој треба да се има просек на оцени да се полагаа за дозвола за работа со деца.Се надевам дека ќе го прочита некој кој ќе ја мрдне работава од мртва точка.

    Одговор

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>