Сподели го написот

Дислексија

Умот на еден дислексичар – дел 1

Умот на еден дислексичар – дел 1

Тешко е да се разбере, нели?

Доколку не сте еден од оние 10 до 15 проценти од популацијата што има дислексија, тогаш е многу потешко да разберете.

Лесно е да се помисли на ова како некој вид измама. Но, мислењето дека „ако овие луѓе само малку поработат на себе и се потрудат малку повеќе, би можеле да го поминат проблемот“, е тотално невистинито.

Дислексијата е дарба за способност да се гледаат нештата од повеќе различни перспективи истовремено. Самата дарба доаѓа и со еден вид потешкотии што се однесуваат на тоа дека има збунетост при давањето приоритет или наоѓање логика во сите тие перспективи.

Дислектичарите можат да бидат луѓе со кои е тешко да се живее, или пак, да се покажуваат чувства како љубов, поради тоа што нивниот мозок работи на поразличен начин од останатите. Дури и ако се заљубите во личност што има дислексија, самиот живот од ден на ден со таа личност може да ве полуди. Причините за ова може да се најдат во нивните навики да забораваат работи, или пак, да мислат дека кажале или направиле работи што всушност не ги направиле. Исто така, знаат да бидат доста хаотични и неорганизирани, како и помалку социјално свесни во однос на другите.

Најдоброто нешто што може да го направите е да научите нешто повеќе за дислексијата, со цел да развиете подобро разбирање и чувство на емпатија за оваа состојба.

Еве еден мал приказ на тоа како работат нивните умови:

  • Се соочуваат со животни предизвици

Дислексијата е многу повеќе од само тешкотија при пишување, читање или употреба на бројки. Тие го гледаат светот на комплетно различен начин, комуницираат поинаку и имаат потешкотии при организација.

  • Може да делуваат чудно

И покрај нивната интелигенција, и поради тоа што може да гледаат од повеќе перспективи, истовремено можно е да делуваат незаинтересирани при разговор. Постои можност да дојдат до чудни идеи поради недостаток да испитаат дали нивните мисли се соодветни за разговор. Можно е да делуваат и по малку чудно поради тоа што најчесто се несвесни за општествените правила.

  • Деталите ги заморуваат

Бидејќи нивниот мозок е помалку ефикасен кога се работи за обработка на букви или звуци, што значи дека тој треба да работи многу понапорно. Па, токму затоа, времето поминато во фокусирање на детали за нив е исцрпувачко, бидејќи секогаш ја гледаат прво целината, односно големата слика.

  • Многу се креативни

Способноста да го гледаат светот од повеќе агли ги прави доста креативни. Може да дојдат до исклучително креативни идеи, делумно поради тоа што не се ограничени со законите на физиката, математичката логика или невозможното.

  • Вчудовидени се од нештата што ги гледаат

Тие можат да забележат многу можности за одредена работа, па оттаму нивните мисли често стануваат измешани и конфзуни. Тешко е да се сортираат толку многу информации и да се процесира сето тоа со издвојување на она што е најважно и она што е соодветно. Без способноста за филтрирање одредени информации и мисли, оваа дарба прераснува во трагична и конфузна пречка.

  • Склони се кон појава и на ADD-недостаток на внимание

Околу 40% од дислексичарите имаат и ADD, додека пак, околу 60 % од личностите со ADD, имаат дислексија.

  • Понекогаш можат мислите да ги доживуваат како реалност

Често знаат да бидат убедени дека ви кажале нешто што всушност не ви кажале, или пак, да веруваат дека вие не сте им кажале нешто што всушност сте им го кажале. Исто така, знаат да се изразуваат на толку уникатен начин, што нивната порака нема да има некоја вистинска смисла или поврзаност.

  • Можно е да не се свесни дека имаат дислексија

Според некои истражувања, дислексијата не мора да биде дијагностицирана или препознаена сè до зрели години. Ова е една од причините зошто е тешко да се утврди колку од луѓето страдаат од дислексија, па токму затоа, за жал, луѓето кај кои не е дијагностицирана, се етикетирани како мрзеливи и глупави.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>