Сподели го написот

Познати личности

„Глупавото девојче“ постигна историски успех

„Глупавото девојче“ постигна историски успех

Вупи Голдбер е родена во 1955 година во Њујорк како дете на самохрана мајка.

Голдберг расте низ низа етикетирања од нејзиното опкружување. Таа издвојува: „Кога бев дете, тоа не го викаа дислексија. Едноставно ме нарекуваа бавна, ретардирана, глупава, ограничена…” За среќа, таа и нејзината мајка биле свесни дека ваквите етикетирања се неосновани, но воедно биле и свесни дека Вупи се соочува со некаков проблем, иако не знаеле со точно каков проблем се соочува.

Во училиштето се соочува со многу проблеми, како од наставниците, така и од своите соученици, па така училиштето го напушта на 17-годишна возраст. Благодарение на еден ангажиран наставник, таа ги развива потребните вештини и ја зголемува својата веќе уништена самодоверба.

Пред да започне со курс за актерство, таа работи како ѕидар, шминкер во мртовечница, банкарски советник. Подоцна, една нејзина изведба на женското шоу во Бродвеј ќе го импресионира дислексичниот режисер Стивен Спилберг да ја повика како главна улога во филмот „Боја пурпурна“.

Нејзините успеси се навистина долги и значајни. Таа е една од дванаесетте луѓе во историјата на светот што ги имаат добиено четирите главни филмски награди и признанија: Оскар, Греми, Тони и Еми наградите. Воедно, таа е и првата жена актерка што ја има добиено престижната Марк Твејн награда за американски хумор.

Иако таа во текот на своето образование трпела многу навреди и малтретирања, тоа не ја спречило да го оствари својот сон, туку напротив, ја направило уште посилна и истрајна.

Сподели го написот

Дамјан Николовски е претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН. Целата своја работна кариера ја посветува на проучување на состојбата дислексија како и актуелизирање на истата во Република Македонија.

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>