Сподели го написот

Дислексија / Избрани текстови

10 % од населението во Европа се соочува со дислексија

10 % од населението во Европа се соочува со дислексија

За дислексијата многу често се вели дека е скриен недостаток. Токму поради таа причина не може да се утврди точниот број на децата и возрасните што имаат дислексија. Тоа е така поради тоа што кај многу деца дислексијата е доцна откриена, голем дел од дислексичарите применуваат многу добри стратегии за прикривање на своите недостатоци, што процесот на откривање на дислексијата кај нив го прави уште потежок. Постојат држави и општества каде што дислексијата е сè уште непозната состојба, и во едно такво опкружување на неинформираност, може да се каже дека дислексијата воопшто не е застапена, иако тоа не е така. Британското здружение за дислексија проценува дека во западниот свет дислексијата е застапена кај околу 10% од учениците, а 4% се соочуваат со сериозни потешкотии во учењето.

Во Обединетото Кралство е спроведено истражување дека само 57% од студентите што се запишале на факултет биле свесни дека имаат дислексија. Во Босна и Херцеговина е направено истражување за застапеност на дислексија помеѓу студентите и е докажано дека 4% од студентите имаат дислексија. Тука треба да се земе предвид дека и во Босна и Херцеговина нивото на информираност за дислексијата е на многу ниско ниво, и голем дел од средношколците што имаат дислексија, не го продолжуваат своето образование.

Здружението АЈНШТАЈН спроведе неофицијално истражување во периодот од 2015 до 2016 година, при што анкетираше 2500 средношколци за присуство на дислексијата. Од првиот циклус* на истражувањето произлезе дека дислексијата е застапена кај околу 17% од учениците и во вториот циклус* на истражувањето произлезе дека дислексијата е застапена кај околу 12% од средношколците. Во првиот циклус на истражувањето беа опфатени средни училишта каде што се запишуваат ученици што имаат послаб успех во основно училиште, следствено на тоа и застапеноста на дислексијата е на повисоко ниво. Вториот циклус на истражувањето опфаќаше 2 средни училишта каде што се запишуваат ученици со висок академски успех и едно средно училиште каде што учат припадници на само една етничка заедница, меѓу коишто постои и голем степен на неписменост.

Токму затоа Здружението АЈНШТАЈН напоменува дека ова не се официјални статистички податоци што се релевантни, но се значаен показател дека дислексијата е присутна во нашата држава.

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>