Сподели го написот

Диспраксија / Избрани текстови / Потешкотии во учењето

18 знаци на диспраксија, што не значат само “несмасност”

18 знаци на диспраксија, што не значат само “несмасност”

Ова е листата на сите работи кои ги направив погрешка во последните 24 часа- истурив врела вода врз моите стапала, си ја заборавив кредитната картичка во ресторан,  паднав во бањата додека си ги бричев нозете, облеков две бели маици и сфатив дека и двете се флекави. Ниту една од овие работи не ме изненадува, со оглед на тоа што пред повеќе од 15 години открив дека имам диспраксија. Несмасноста или “трапавоста” е еден од најчестите знаци на диспраксија.

Но, и покрај тоа, кога станува збор за диспраксија, таа е повеќе од само несмасност, а експертите велат дека несмасноста е само еден од знаците. Диспраксијата, исто како и дислексијата, претставува потешкотија во учењето или наједноставно кажано дел од пораките и наредбите кои нашиот мозок ги испраќа не успеваат да стигнат до нашето тело. Јавната свест за диспраксијата е се уште на ниско ниво, иако “таа е присутна кај околу 5-10% од децата од различни возрасти” како што вели Робин Л. Дол, кој го води институтот за физикална терапија при универзитетот Вајднер.

Доколку се пронајдете во долу наведените симптоми, со или без несмасност, консултирајте се со стручно лице за да разберете дали се работи за диспраксија или не.

  1. Имате проблем со координацијата.

 Доколку имате диспраксија, ќе забележите дека едноставно некој работи не ви одат од рака. Можеби имате проблем да држите молив или можеби не сакате да ја преминувате средишната линија на телото (пр. Да го облечете левиот чорап со десна така и обратно).

“Доколку имате диспраксија, многу е веројатно да имате проблеми со моторната координација, во секојдневниот живот, во училиште, на работа и при игра, кои не соодветствуваат со возраста. Овие предизвици започнуваат уште во детството. “- објаснува Дол.

Лицата со диспраксија, често имаат потешкотии во извршување на некои едноставни работи. Јас лично, не можам да возам автомобил, не можам да “пукам” со прстите, а татко ми се уште не може да вози велосипед. Брат ми е атлетски граден, но не сака да се потпира на левата страна од телото- само на десната. Голем дел од лицата со диспраксија имаат проблем и со врзување на врвките од обувките.

  1. Тешко ви е да се концентрирате

Истражувањата покажуваат дека диспраксијата е многу често поврзана со АДХД односно недостатокот на внимание со или без хиперактивност, што значи дека многу лица, кои го имаат едниот проблем покажуваат знаци и на другиот. Јас лично, немам никаков проблем да поминам и 3 часа читајќи книга која ми се допаѓа, но истовремено не можам да гледам филм кој не ми е интересен, повеќе од 2 минути без да се расејувам и деконцентрирам.

  1. Често можете да се загубите од точка А до точка Б

Во моите студентски денови, сите мои цимери пазаруваа од еден супер-маркет кој се наоѓаше на 10 минути од нашиот дом ,но за да се стигне до таму има многу вртења и кривини, и секој пат успевав да се изгубам. По кратко време, сфатив дека доколку свртам десно по улицата и одам само право на околу 35 минути има друг супер-маркет. Веќе никогаш не отидов повторно до оној кој беше на само 10 минути од мојата куќа.

 

  1. Од секогаш сте биле несмасни

Доколку имате диспраксија, несмасноста била присутна од секогаш. Дол објаснува како е да се биде дете со диспраксија. Замислете една ваква ситуација- секој пат кога гледате некое дете како ја шутира топката, тоа е направено со неверојатна прецизност, сила и координација на телото… Но секој пат кога вие се обидувате да го направите истото, изгледа како да го правите за прв пат во животот. Вашето тело не знае колку брзо треба да се движи, кога да се движи, како да забрза и да забави, колку сила да употреби, во која секвенца од времето треба да го изврши дејството… А сите овие работи изгледаат толку лесни за другите деца.”

Но, докажано е дека сосема возможно едно лице со диспраксија да стане помалку несмасно со текот на времето. Возрасните со диспраксија, со текот на годините, многу често успеваат да ги подобрат моторните вештини и кај нив главните проблеми се сврзани со организациски вештини, менаџирање на времето, последователните задачи итн.

  1. Тешко ви е да држите предмети

Можеби мобилниот телефон ви паѓа постојано од рацете или постојано истурате чаши. Затоа имам огромна колекција на пенкала за отстранување на дамки, но и нив постојано ги губам, што ме носи до следниот знак на диспраксија…

  1. Постојано губите предмети

Дел од мене е убеден дека, некаде, постои паралелен универзум каде што одат сите мои изгубени пенкала, книги, слушалки, маици итн.

 

  1. Премногу сте осетливи на звуци, допир и светлина

Многу луѓе со диспраксија се хипер- сензитивни на некои определени сензации: допир, нова облека, звуци и силна светлина. Ова ги прави по склони кон панични напади. Јас лично станувам многу анксиозна во ресторани каде што има гласна музика и звуци.

 

  1. Јадењето е малку тешко

Можеби ви е проблем да ги држите виљушката  и ножот додека ја џвакате храната, да ја исечете храната на парчиња, да зборувате, да пиете вода. Можеби не ви се допаѓа текстурата на одредена храна или јадете неуредно, или можеби ви е тешко да се фокусирате на самото дејство на џвакање и голтање на храната.

  1. Често се чувствувате анксиозно и фрустрирано

Едно истражување во 2013 година, открива дека повеќе од 60% од лицата со потешкотии во учењето, како што се диспраксија, дислексија и АДХД, страдаат од анксиозност и депресија.

 

  1. Зборувате премногу гласно, или премногу бавно, или премногу брзо, или…

За многу луѓе со диспраксија, “говорната апраксија” е нивен најголем проблем. Говорна апраксија е кога не сите пораки кои вашиот мозок ги испраќа стигнуваат до вашите усни, јазик и вилица, односно оние делови кои се одговорни за ефикасно говорење, а тоа го отежнува формирањето на зборовите на начин на кој што сте замислиле.

 

  1. Не можете да размислувате за повеќе од едно нешто истовремено

Ако диспраксијата го отежнува држењето на предмети во двете раце истовремено, логично е да имате проблем со распределување на вниманието при мислење на две или повеќе нешта истовремено.

  1. Никој не може да ви го разбере ракописот

Потешкотиите во пишувањето се исто така еден од честите знаци на диспраксијата, но со текот на времето и со работа со стручно лице може да се подобри.

 

  1. Сте биле дијагностицирани со друго растројство или проблем

Знаците на диспраксија, често опфаќаат и знаци кои укажуваат на дислексија, проблем со процесирање на сензорни информации, Аспергеров синдром и аутизам, но исто така и депресија и анксиозност. Знам дека можеби звучи страшно, особено ако се сомневате дека навистина се соочувате со диспраксија. Не можете да ја”излечите”, но апсолутно можете да ја подобрите состојбата и да живеете здрав и нормален живот. Ете, погледнете ја познатата Кара Делвин, која исто така има диспраксија.

 

  1. Учењето на нови вештини ви е многу тешко

Некои луѓе со диспраксија можат да ги зајакнат врските помеѓу мозокот и телото преку различни вежби. Јас никогаш нема да станам најдобриот скијач во светот, но колку повеќе вежбам, толку ми станува полесно. Проблемот, барем за мене, е кога станува збор за учење на некоја нова вештина, со која никогаш претходно не сум се сретнала. Лизгање на мраз? Возење ролерки? Кошарка? Нема шанси!

 

  1. Сериозно, каде одат сите изгубени предмети?

Каде одат сите? Среќа не го изгубив кафето што го купив додека да стигнам дома.

 

  1. Не можете да определите што е лево, а што е десно

Ова го објаснува и фактот, зошто успеваме да се изгубиме толку често…

 

  1. Секојдневните задачи се најфрустрирачки

Во поголемиот дел од времето, диспраксијата воопшто не ми пречи. Само многу се нервирам кога таа пречи на некои од секојдневните активности. На пример, кога одам на состанок и ќе се сопнам од сопствените стапала, или кога се запознавам со некој и сум премногу гласна и неразбирливо зборувам, или кога се задишувам и имам тахикардија поради новогодишните трепкави сијалички во некој бар. Но, сепак, голем дел од овие работи на крајот од денот се смешни.

  1. Трчате или се движите чудно

Доколку имате диспраксија, шансите дека некој го прокоментирал чудниот начинот на кој се движите се огромни. Можеби вие самите не сте забележале колку чудно се движите, но вашите блиски и пријатели сигурно го забележале.

Овој текст е превземен од healthygossip

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>