Сподели го написот

Методи за корекција

АФС Метод

АФС Метод

АФС-методот е педагошко-дидактички тренинг и метод за поддршка на луѓето со дислексија и дискалкулија. АФС-методот е развиен базирајќи се на фактот дека лицата со дислексија и дискалкулија покажуваат различен начин на процесирање на информациите – што е очигледно од начинот на кој го учат пишувањето, читањето и сметањето, односно имаат различна способност за учење.

Овој специјализиран метод е дизајниран за да даде индивидуална поддршка со намера да се опише и структурира педагошко-дидактичката активност за да се придонесе за негова поголема професионалност во примената. АФС методот става силен акцент на мултисензорното учење.

Тренингот со АФС-методот вклучува три основни приоритети за помош, кои се мерат:

А: Внимание (грешки на сознание)

  • Различниот степен на внимание;
  • Децата не ги совладуваат симболите според очекувањата;
  • Процесот на мислење и дејствување не се одвива истовремено;
  • Правописни грешки;
  • Утврдување на вниманието при читање, пишување или сметање.

Лицата со дислексија/дискалкулија потешко го пренасочуваат намерно вниманието на буквите и бројките со можност да го задржат таму. Подобреното внимание придонесува за подобрување и на немирот поврзан со периодичното невнимание за време на пишувањето, читањето или сметањето. Со оглед на тоа дека овие индивидуи ова го манифестираат само за време на пишувањето, читањето или сметањето, а не во други ситуации, најчесто се занемарува, така што често се меша со медицинска дијагноза, како што е нарушено внимание или дефицит на концентрација и хиперактивност.

F: Функција (сетилни перцепции)

Подобрувањето на сензорните перцепции е неопходно за успешно совладување на пишувањето, читањето и сметањето, и тоа во онаа во која е потребно усовршување. Лицата со дислексија поинаку восприемаат и имаат многу брз мисловен процес кој им пречи при правилното читање, пишување или сметање. Потребно им е повеќе време за да ги распознаат и да ги научат симболите, образувањето на буквите или аритметичките функции. Со АФС-методот се утврдува кои сетилни перцепции функционираат на различен начин, бидејќи дисфункцијата не е секогаш кај сите истовремена (акустична, визуелна, просторна ориентација итн.).

  • Визуелни:
    • Оптичко разликување
    • Оптично размислување
    • Оптички серијалитет
  • Акустични:
    • Акустично разликување
    • Акустично размислување
    • Акустичен серијалитет
  • Ориентација во простор
  • Шема на телото

Целниот индивидуализиран тренинг се смета дека е неопходен за подобрување на сензорните перцепции – особено визуелната и аудитивната, вклучително и фонолошкото знаење и спацијална перцепција.

S: Симптоми (работа врз сознајните грешки)

  • Воспоставување процес што обезбедува постепено зголемување на вниманието и сетилните перцепции.
  • Учењето треба да се прави со сите сетила.

Подобрувањето на резултатите при пишување, читање и сметање, што се смета за подобрување на симптоматолошко ниво. Таргетиран индивидуализиран тренинг потребен е и во оваа област.

Очекувани резултати:

По утврдување на тренинг-планот, потребно е да поминат 28 седмици најмалку, за да има основа за повторување на тестот за дислексија и напредокот.

Податоците и фактите собрани за време на долгорочното истражување спроведено помеѓу 2001 и 2006 година, во кое биле вклучени 3370 субјекти, ја покажуваат успешноста на овој метод. Имено, кај 85% од испитаниците е подобрено нивното пишување, читање и сметање, континуирано следено во период од две години, и според тоа, се спремни да ги исполнат училишните обврски.

АФС-методот во Македонија се применува од 2012 година.

Контакт: м-р Гордана Андоновска, дипломиран обучувач за методот АФС

Ин Оптимум Македонија ДООЕЛ, ул. Борка Талески, 17А, Скопје

Тел: 070 / 440 – 866

Е-пошта: Gordana@inoptimum.com.mk

www.dyslexia.com.mk

Сподели го написот

Остави одговор