Сподели го написот

Избрани текстови / Линк / Познати личности

10 дислексичари кои освоиле Оскар

10 дислексичари кои освоиле Оскар

Шер, Вупи Голдберг, Стивен Спилберг и Брајан Грејзер се само дел од многуте добитници на Оскар кои се соочуваат со дислексија. Сите овие познати личности се доказ дека потешкотиите со читањето не треба да ни го попречуваат патот до успехот.

Во продолжение ви преставуваме листа на 10 добитници на Оскар кои се соочувале со дислексија.

Стивен Спилберг

На Спилберг дислексијата му била откриена дури на 60-годишна возраст. Кога му била откриена, тој изјавил: „Сега конечно го пронајдов и последното парче од мозаикот на мојот живот што досега никогаш го немав пронајдено.“ Тој отворено зборува за тоа како не бил способен да чита и секогаш читал многу полошо од останатите ученици. Во 50-тите години на минатиот век, кога Спилберг бил ученик, дислексијата била многу малку позната во светот како состојба. Токму поради проблемите со читањето и учењето, многу често бил мета на потсмев и малтретирање од страна на своите соученици. Дури и неговите наставници не го препознале неговиот проблем. Тие први го етикетирале како слаб ученик кој едноставно е премногу мрзелив и нема можности за совладување на училишниот материјал.

Вупи Голдберг

  • Категорија: Најдобра споредна женска улога
  • Филм: Ghost (1990)

Голдберг расте низ низа етикетирања од нејзиното опкружување. Таа издвојува: „Кога бев дете, тоа не го викаа дислексија. Едноставно ме нарекуваа бавна, ретардирана, глупава, ограничена…” За среќа, таа и нејзината мајка биле свесни дека ваквите етикетирања се неосновани, но воедно биле и свесни дека Вупи се соочува со некаков проблем, иако не знаеле со точно каков проблем се соочува. Во училиштето се соочува со многу проблеми, како од наставниците, така и од своите соученици, па така училиштето го напушта на 17-годишна возраст. Благодарение на еден ангажиран наставник, таа ги развива потребните вештини и ја зголемува својата веќе уништена самодоверба.

Нејзините успеси се навистина долги и значајни. Таа е една од дванаесетте луѓе во историјата на светот што ги имаат добиено четирите главни филмски награди и признанија: Оскар, Греми, Тони и Еми наградите. Воедно, таа е и првата жена актерка што ја има добиено престижната Марк Твејн награда за американски хумор.

Октавиа Спенсер

  • Категорија: Најдобра споредна женска улога
  • Филм: The Help (2011)

Спенсер секогаш отворено зборува  за тоа како дислексија влијаела врз неа во текот на нејзиното образование. Таа сподели дека била „парализирана од страв“ кога доаѓал нејзиниот ред за да чита на глас за време на часовитес. „Не сакав да се чувствувам како глупава ученичка пред другите деца пореди моето читање, бидејќи бев свесна дека сум паметна “.

По нејзината победа на Оскарите, таа се појави во телевизиска серија. Во едно интервју изјави дека глумењето во серија е потешко отколку глумењето во филм за лицата со дислексија, затоа што при снимањето на сериите актерите имаат многу помалку време за да ги запомнат текстовите.

Ричард Тејлор

  • Категорија: Најдобра шминка и најдобри визуелни ефекти
  • Филм: The Lord of the Rings- The Fellowship of the Ring (2001)
  • Категорија: Најдобра шминка и најдобар костимографија
  • Филм: The Lord of the Rings: The Return of the King (2003)
  • Категорија: Најдобри визуелни ефекти
  • Филм : King Kong (2005)

Како дете кое се соочува со дислексија Тејлор ја преферирал уметноста, наместо читањето и пишувањето. Тој изјавил дека од секогаш во животот знаел дека сака да создава нешто креативно со своите раце. Тој ја има создадено компанијата за специјални ефекти Weta Workshop преку која што се креираат визуелните ефекти за едни од најдобрите Холивудски филмови.

Били Боб Торнтон

  • Категорија: Најдобро прилагодено сценарио
  • Филм: Sling Blade (1996)

Пишувањето на сценариото за филмот Sling Blade е само еден од придонесите кој тој ги има дадено за овој филм. Освен што го нашишал целото сценарио, тој исто така го режирал филмот и глумел во него. Тронтон вели дека дислексијата сеуште има големо влијание врз него и дека се уште му прави проблеми кога станува збор да се седне и да се прочита некоја книга. Но, и покрај тоа, уште кога бил ученик, сакал да пишува. Всушност, токму пишувањето е она кое го однело до Холивуд. Додека бил во гимназија, од него било побарано да изрежира кратка приказна. Тоа го направил толку добро, што неговата професорка по глума го охрабрила својот живот да го продолжи правејќи филмови.

Пеги Стерн

Стерн продуцирала и режирала голем број на независни документарни филмови. Дипломирала на Харвард и го има креирано еден од најиновативните и интерактивни веб стајтови Dyslexiaville наменет за децата со дислексија.

Лорета Јанг

Јанг поминала повеќе од 70 години како глумица во Холивуд. Таа дури на своја 50 годишна возраст осознава дека потешкотиите во читањете со кои се соочува, всушност имаат име – дислексија. Долги години пред тоа, таа успеала да најде начини за да се справи со дислексијата и имала свој ментор кој и помагал при читањето на сценариото. На тој начин таа успеала да ги запомни текстовите, но не само своите, туку и оние на нејзините колеги.

Голди Хон

 

  • Категорија: Најдобра споредна женска улога
  • Филм: Cactus Flower (1969)

Хон ја изгради својата кариера смеејќи ја публиката. Нејзината улога во Кактусов цвет е една од многуте улоги во кои таа игра смешна личност со слободен дух. Но, кога била дете, немала многу добро искуство кога станува збор за училиштето. Хон има дислекисја и потешкотии во разбирањето на она што го чита. “Ми беше многу тешко в училиште. Но, и покрај тоа секогаш бев весело дете, и кога се потпишував на тестовите секогаш додавав ‘Со љубов, Голди’” – вели таа.

Роберт Бентон

  • Категорија: Најдобар режисер и најдобро прилагодено сценарио
  • Филм: Kramer vs. Kramer (1979)
  • Категорија: Најдобро оригинално сценарио
  • Филм: Places in the Heart (1984)

Бентон себе си се нарекува ужасен ученик, кој не знае да чита. “Јас имав дислексија уште пред било кој да знае што е тоа дислексија”. – вели тој.

Гледањето филмови било начин да избега од проблемите кои му ги предизвикувало читањето. Бентон и неговиот татко редовно гледале филмови заедно. “Филмовите можеа да ми го задржат вниманието, едноставно можев да ги следам. Со текот на годините тие за мене станаа моќен извор на фокус и креативност”

Џон Ирвинг

Покрај пишување на сценарија за филмови, Ирвинг е и автор на познати книги кои се читаат низ целиот свет. Затоа, можеби е малку тешко да замислиме дека тој се соочува со дислексија. Кога бил дете, тој читал бавно и секоја лекција требало да ја препрочита многу пати за да ја разбере.  Ирвин во неколку наврати напоменува дека токму дислексијата му помогнала да успее во својата кариера.  “Дислексијата се претвори во предност“ – вели тој.

Сподели го написот