Сподели го написот

Методи за корекција

Методот на Рон Дејвис

Методот на Рон Дејвис

Методот на Рон Дејвис е еден од најпознатите и најефикасните методи за корекција на дислексија, дискалкулија и дисграфија. Достапен е во Македонија преку лиценциран тренер, кој е обучен за работа со деца и возрасни што имаат поинаков стил на размислување и учење.

Според овој метод, во коренот на дислексијата, недостигот на внимание и на многу други проблеми поврзани со учењето лежи уникатен и креативен стил на размислување, кој навистина претставува дарба. Лицата со дислексија доминантно размислуваат на сликовит начин, мислат и гледаат мултидимензионално, со цел да креираат, да разрешуваат проблеми и да ја елиминираат збунетоста.

За дислексијата се вели дека е дарба  поради општите заеднички карактеристики на сите дислексичари. Креативноста, љубопитноста, имагинацијата, интуицијата и сликовитиот начин на размислување се особини што ги придвижуваат сите иновативни процеси во животот. Мултидимензионалното размислување со користење на сите сетила дава можност за гледање на светот од различни перспективи и овозможува изнаоѓање на решенија на еден поинаков, нелинеарен начин. Сликовитиот начин на размислување е процес при кој се добиваат многу повеќе информации отколку при вербалното размислување. Сликовитиот начин на размислување е од 400 до 2000 пати побрз од вербалното размислување кое, пак, се одвива со иста брзина како и говорот.

Многу уметници, пронаоѓачи, научници и спортисти имаат ваков стил на размислување, и тие го искористиле за големи достигнувања. Многумина од нив велат дека не би можеле да постигнат толку големи успеси без талентот што им го подарила дислексијата.

Методот на Рон Дејвис е заснован на дарбите што ги дава дислексијата. Овој метод е процес во кој тешкотиите со читањето и пишувањето им отстапуваат место на дарбите. Техниките што се применуваат се приспособени за оние што размислуваат на сликовит начин. Со програмот на Рон Дејвис клиентот најнапред добива ментални алатки со кои може да ја контролира дезориентацијата, а со тоа да ја исправи перцепцијата и да го задржи фокусот при читање. Потоа, се работат техники со глина, при што се разоткриваат и разрешуваат сите предизвикувачи на дезориентацијата. Тоа може да бидат букви, бројки, интерпункциски знаци, зборови или, пак, некоја емоција. Последниот дел од програмот за дислексија содржи три техники за читење, кои се  приспособени за имагинативниот ум на дислексичарите.

Програмот се спроведува во текот на пет последователни дена, при што тренерот се дружи со клиентот шест часа дневно.

Славица Тасевска Николовска е единствен лиценциран тренер по методот на Рон Дејвис во Македонија. Освен програмот за корекција на дислексијата, таа е обучена и за програмите за корекција на дискалкулијата, дисграфијата, АДХД и диспраксијата.

Повеќе информации за нејзината работа можете да најдете на www.disleksija.com.mk

или да закажете консултации на 078 / 367 – 213.

Сподели го написот

Остави одговор