Сподели го написот

Tехники за самопомош / Дислексија

5 стратегии наменети за наставниците на учениците со дислексија

5 стратегии наменети за наставниците на учениците со дислексија

Времето поминато во училиште и едукација игра голема улога во развојот на детето.  Како наставник, давањето поддршка на учениците со дислексија е прекрасна можност, но може да претставува и голем предизвик. Важно е да се запомни дека детето кое се соочува со дислексија води битка, која не се заснова на ниско ниво на интелигенција или мрзеливост ниту пак тоа е нивен личен избор.

Децата со дислексија учат на различен начин. Нивниот мозок едноставно не може да запомни некоја информација на начин на кој тоа го прават децата кои не се соочуваат со оваа состојба, а тоа го прави процесот на учење бавен или во одредени случаи скоро невозможен.

Сепак, со посветеност, помош и примена на некои стратегии од страна на наставникот можат да научат многу и да постигнат високи резултати.

Ова се 5-те стратегии кои можете да ги примените со учениците со дислексија за време на училишните часови:

1)            Мулти- сензорно учење

Мулти- сензорните активности им помагаат на учениците со дислексија да ги примат и обработат информациите преку употреба на сетилата. Процесот на учење е многу олеснет кога се прави комбинација на допирот и движењето со видот и слухот.

Најдоброто од се е што сите ученици имаат корист од ваквиот тип на учење, а не само оние кои се соочуваат со дислексија. Ваквата промена во наставата ќе го направи процесот на учење многу позабавен и ќе ги мотивира учениците уште поактивно да се вклучат во истата.

Неколку примери за мулти- сензорни активности

–              Пишување на зборовите и речениците во различни бои и со различни материјали (пр. Светкав лепак, песок, лего коцки, монистри итн.)

–              Користење на физички вежби со цел подобрување на спелувањето (пр. Играње “плочка” или скокање на јаже – детето треба да ги каже буквите од кои се состои одреден збор додека скока на јаже или додека игра плочка – секое поле, односно секое прескокнување на јажето претставува една буква). Ваквите игри е најдобро да ги прават во парови по двајца, каде едниот го кажува зборот, а другиот го спелува и обратно.

–              Игра на букви и зборови – поделете ги учениците во тимови и кажете им некаков збор. Потоа, едниот тим треба да ги напише буквите од зборот на посебни листови и да ги сокрие на различни места во училницата. Другиот тим пак, треба да ги најде буквите и да ги залепи на голем постер по правилен редослед.

2)            Асистивна технологија и алатки за учениците со дислексија

Бележник за следење на редот при читање (линијар)

Ваквиот тип на бележници значително го олеснуваат читањето за учениците со дислексија бидејќи во фокус се става еден ред од целиот текст. Овие линијри можете да ги направите и сами (пр. Земете лист хартија или тенок картон и исечете го средниот дел со димензии кои одговараат на фонтот и должината на редовите).

Употребна на соодветен компјутерски фонт

Во нашата држава е креиран првиот и единствен компјутерски фонт DyslexicFZF кој го олеснува читањето кај учениците со дислексија, исто така доколку користите интернет за време на часовите може да го преземете и додатокот “Бато” за Google Chrome кој ќе ги трансформира сите веб страни во “dyslexia friendly” веб содржини. Фонтот DyslexicFZF и додавката Бато можете бесплатно да ги преземете на следниот линк http://www.dyslexia-info.com/aisitivna-tehnologija/

Тастатура во боја

Тастатурите за компјутер кои се во повеќе бои и се означени со поголеми букви, исто така го прават дигиталното пишување многу подостапно и полесно за учениците со дислексија. Истите може да се најдат преку Здружението за асистивна технологија Отворете ги прозорците.

3)            Корисни алатки

Листа со потточки и клучни зборови

Пред почетокот на часот, на ученикот со дислексија дајте му лист на кои претходно сте ги напишале сите клучни точки и зборови кои се важни за претстојната лекција. Тоа ќе му помогне полесно да води белешки и ќе го намали стресот кој се јавува кај него кога се обидува да препишува од табла. Ова ќе им овозможи целосно да се посветат на предавањето и да ги запомнат клучните информации.

 Оставете им повеќе време за пишување на домашните задачи

Доколку за пишување на домашната задача кај останатите ученици е потребен еден ден,  на ученикот со дислексија дајте ја истата во петок и оставете му го целиот викенд за да работи на истата. Пожелно е и да направите план за домашни задачи за целиот месец и истиот да го дадете на родителите за да имаат доволно време да го поминат материјалот со нивното дете, со цел постигнување на повисоки резултати.

Пофалете ја идејата и креативноста

Учениците со дислексија често покажуваат послаби резултати кога станува збор за правопис и граматика, за разлика од своите соученици.  Сепак, доколку и покрај направените грешки тие се истакнуваат со својата креативност и начин на размислување, дефинитивно заслужуваат да бидат наградени и пофалени за тоа. Дури потоа укажете им и коригирајте ги направените правописни и граматички грешки, но тоа направете го со зелено наместо со црвено пенкало. Ништо не ги демотивира овие ученици, како што тоа го прават корекциите направени со црвено пенкало.

4)            Едукативни игри

Кога станува збор за едукативни игри, најдоброто од се е тоа што сите ученици имаа корист од нив, со што лесно можете да ги вметнете во наставата и да го направите часот многу поинтересен. Ништо не може толку да го привлече вниманието на учениците, како што тоа може да го направи една забавна, а сепак едукативна игра.

Постојат стотици едукативни апликации и игри за мобилен телефон или компјутер кои го потпомагаат процесот на учење, особено кога станува збор за изучување на англискиот јазик.

5)            Работете заедно

Добрата комуникација со родителите на ученикот кој се соочува со дислексија е многу важна. Зборувајте со нив за тоа како нивното дете се однесува во училиште и дома и за стратегиите кои вие ги применувате за време на наставата и начините на кои тие работат со детето во домашни услови. Ова е важно пред се бидејќи сите ученици со дислексија се разликуваат едни од други и сите учат на различен начин. Преку добра комуникација со родителите, многу полесно можете да изнајдете соодветни методи кои ќе го олеснат процесот на учење за ученикот со дислексија.

*Преземено од dyslexic.com

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>