Сподели го написот

Активности / Дислексија / Занимливости / Избрани текстови

Достапна е првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава

Достапна е првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава

Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во учењето, за која во светот повеќе од една деценија се користи асистивна технологија. Преку асистивната технологија значително се олеснуваат проблемите со кои се соочуваат лицата со дислексија. Во нашата држава овој тип на технологија воопшто и не постоеше се додека Филозофскиот Факултет Скопје, Здружението за дислексија Ајнштајн и ИТ компанијата Emit Knowledge не ги превземаа првите чекори кон создавање на инклузивни образовни услови за лицата со дислексија преку креирање на првиот кирилски фонт за дислексија и креирање на првиот Dyslexic Plug-in наменет за интернет пребарувачот Google Chrome.

DyslexicFZF претставува компјутерски фонт наменет за лицата кои имаат тешкотии во читањето, односно лицата со дислексија. Основната цел на постоењето на DyslexicFZF фонтот е да го олесни читањето на овие лица, преку задоволување на нивните читачки потреби. Во меѓународни рамки, фонтови од ваков тип се веќе изготвени, но сите тие се креирани на латинско писмо што ја оневозможува нивната целосна употреба кај лицата со дислексија од нашата земја.  DyslexicFZF е во суштина еден вид асистивна технологија која треба да ги направи подостапни текстуалните содржини за лицата со дислексија.

Со оглед на тоа што презентирањето на текстот има значаен ефект врз способностa за читање, DyslexicFZF фонтот помага да се зголеми читливоста на еден текст и на тој начин да се зголеми флуентноста во читањето кај лицата со дислексија. Она што треба да се нагласи е дека употребата на фонтот не значи отстранување на дислексијата како таква, туку само помага да се олесни процесот на читање. Текстовите пишувани со DyslexicFZF фонтот подобро визуелно се перципираат, така што лицата кои имаат проблеми со вештините за визуелна перцепција, ќе имаат најголем бенефит од неговата употреба.

Фонтот DyslexicFZF може да го преземете тука.

Бато е додаток на Chome пребарувачот кој обезбедува помош при читање за лица со дислексија.  Додатокот е креиран врз основа на првиот кириличен фонт DyslexicFZF кој го олеснува читањето кај лицата со дислексија.

Целта на плагинот е да се подобрат следните аспекти:

  1. Разбирање на прочитаното

Алатката овозможува форматирање на текстовите од веб страните со стандарден фонт во текстови со фонтот DyslexicFZF со цел олеснување на читањето;

Покрај форматирањето на текстот алатката ќе овозможува и менување на бојата на позадината на текстот во бои кои овозможуваат полесно читање и можност за зумирање на текстот.

  1. Поттикнување на независност

Преку алатката, без помош на професор/учител корисникот ќе може самостојно да го прочита текстот;

БАТО може да се користи на секоја страна која е во формат на колумна. Целта на БАТО е да овозможи течно читање на статиите кои се достапни на интернет.

При активација на додатокот, БАТО ќе ги направи следните трансформции:

  • Ќе ја пронајде главната содржина/статијата на веб страната;
  • Ќе ги пронајде релевантните слики;
  • Ќе го аплицира DyslexicFZF фонотот и одбраниот стил;
  • Страната визуелно ќе биде променета со цел да се овозможи фокусирано читање;

Додатокот Бато може да го преземете тука

Сподели го написот

Остави одговор