Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

Бато е додаток на Chrome пребарувачот кој обезбедува помош при читање за лица со дислексија

Бато е додаток на Chrome пребарувачот кој обезбедува помош при читање за лица со дислексија

Информатичката технологија е многу корисна за лицата кои се соочуваат со дислексија. Во светски рамки постојат голем број на технолошки иновации кои го олеснуваат читањето и пишувањето, односно ги олеснуваат потешкотиите со кои се соочуваат лицата со дислексија. ИТ компанијата Emit Knowledge го следи примерот на развиените земји за создавање на инклузивно општество за лицата со дислексија користејќи ја информатичката технологија. Со креирањето на првата додавка наменета за интернет пребарувачот Google Chrome, IT  компанијата Emit Knowledge  докажува колку е важна општествената одговорност на компаниите во нашето општество.

Со Марјан Николовски сопственик на Emit Knowledge разговараме за можностите кои ги нуди новата додавка и за начините на кои истата би ги олеснила секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со дислексија.

  1. Што претставува додавката Бато?

Бато е додаток на Chome пребарувачот кој обезбедува помош при читање за лица со дислексија.  Додатокот е креиран врз основа на првиот кириличен фонт DyslexicFZF кој го олеснува читањето кај лицата со дислексија.

Целта на плагинот е да се подобрат следните аспекти:

  1. Разбирање на прочитаното
  2. Поттикнување на независност

2.Што ве инспирираше да ја креирате додавката? 

Пред една година, беше направена првата објава за DyslexicFZF фонтот на сајтот на ИТ.МК.
Фонтот сам по себе е од големо значење за лицата со дислексија меѓутоа захтева техничко познавање како би можел да се користи.  Таа бариера беше мотив за започнување на еден наш концепт БАТО кој во принцип треба да наликува на J.A.R.V.I.S.

Значењето на БАТО, на нашите простори, е постариот брат кој е тука да се грижи за нас кога ни е најпотребен.

3. Што им овозможува додавката БАТО на корисниците? Каква корист би имале тие од истата?

Целта на плагинот е да се подобрат следните аспекти:

  1. Разбирање на прочитаното

Алатката овозможува форматирање на текстовите од веб страните со стандарден фонт во текстови со фонтот DyslexicFZF со цел олеснување на читањето;

Покрај форматирањето на текстот алатката ќе овозможува и менување на бојата на позадината на текстот во бои кои овозможуваат полесно читање и можност за зумирање на текстот.

  1. Поттикнување на независност

Преку алатката, без помош на професор/учител корисникот ќе може самостојно да го прочита текстот;

4. Кои веб страни ќе можат да се трансформираат во дислексија френдли?

БАТО може да се користи на секоја страна која е во формат на колумна. Целта на БАТО е да овозможи течно читање на статиите кои се достапни на интернет.

При активација на додатокот, БАТО ќе ги направи следните трансформции:

  • Ќе ја пронајде главната содржина/статијата на веб страната;
  • Ќе ги пронајде релевантните слики;
  • Ќе го аплицира DyslexicFZF фонотот и одбраниот стил;
  • Страната визуелно ќе биде променета со цел да се овозможи фокусирано читање;

5.Како новата додавка ќе поттикне независност кај корисниците на истата?

Самата екстензија е дизајнирана со можност да се прилагоди на потребите на корисниците. Преку подесување на соодветна боја, големина на текст и проред, корисниците имаат моженост да го прилагодат додатокот према нивните потреби.

Оваа можност ќе допринесе и поттикне незавнисност кај корисниците.

6. Какви се идните планови на Emit Knowledge? Дали во иднина планирате да продолжите со создавање на нова асистивна технологија за дислексија?

Во овој момент работиме на нова технологија чија цел е разбирање на македонскиот јазик во пишана и говорна форма. Целта не технологијата е да ги вклучи и другите групи кои имаат потреба од асистивна технологија.

 

Оваа статија е дел од проектот “Асистивна технологија за дислексија” финансиран од програмата за грантови на проектот „Промени за одржливост” финансиран од Европската Унија.
Проектот се спроведува од страна на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во партнерство со Emit Knowledge и Филозофскиот Факултет Скопје

 

Сподели го написот

Остави одговор