Сподели го написот

Девет годишниот ученик со дислексија креираше уникатен мозаик од рубикови коцки

Девет годишниот ученик со дислексија креираше уникатен мозаик од рубикови коцки

Се проценува дека некаде околу 20% од светското население се соочува со одреден степен на дислексија, независно дали се работи за поизразени знаци на состојбата или помалку изразени знаци.

Девет годишниот Бенџамин од Монтреал припаѓа во оваа група на население, тој се соочува со проблеми со читање и и пишување, но тој се води според мотото “Единствената попреченост во животот е лошиот страв и предрасудите”

“Тоа што имам дислексија значи дека јас можам да создадам неверојатни работи” изјави тој за Канадската телевизијата CTV News

Дека тој создава неверојатни дела се покажува во видеото каде што Бенџамин реди стотици рубикови коцки и создава портрет на Џон Цена.

Цена е боречка супер ѕвезда кој самиот се соочува со дислексија и воедно е еден од најголемите поддржувачи на лицата кои се соочуваат со потешкотии во учењето.

 

Мајката на Бенџамин Мелани Русо вели дека нејзиниот син има способност рубиковата коцка да ја намести за неколку минути.

Мозаикот на Џон кој го направил Бенџамин се состои од 750 рубикови коцки, истиот го составил за неколку недели. Но ефективното време потрошено на редењето на коцките за Бенџамин изнесувало само 5 часа, што е просечно време за еден човек да направи една рубикова коцка.

“Дислексијата не е мојата попреченост, дислексија е мојата СУПЕР МОЌ” изјави Бенјамин за CTV News

Сподели го написот