Активности

Биди активен член на “Ајнштајн”

Тимот на Здружението за дислексија Ајнштајн воведува промени во своето работење, односно воведување на активно и неактивно членство во Здружението за сите заинтересирани граѓани. Членовите, кои ќе одлучат да бидат активни членови на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН ќе добијат своја персонална членска картичка со која ќе можат да ги уживаат следните поволности: 20% попуст на сите семинари, работилници и конференции кои ги организира нашето здружение 10% попуст секој ден на сите изданија од издавачката куќа Арс Ламина, со ознака „лесно читливи“, во книжарниците на Литература.мк 10% попуст на сите третмани за корекција на дислексија, дискалкулија, дисграфија и АДХД во Првиот центар за дислексија. 10% попуст на училишен прибор во сите книжарници на Тримакс, секој последен петок во месецот.  ...

Годишен извештај 2018 година – Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во изминатата 2018 година спроведе бројни активности согласно своите стратешки определби за период од 2017 до 2020 година односно активности во согласност со следните определби: Програма за унапредување на образовните услови за лицата со потешкотии во учењето Програма за развивање на јавната свест Програма за подигнување и јакнење на јавната свест за штетното влијание од прекумерното користење на современите технологии Програма за млади и младински активизам Програма за институционално јакнење на организацијата Како едни од најважните активности кои ги спроведовме би ги издвоиле: Проектот “Инфо ѕид за дислексија” Проект: Не сум чуден, само имам дислексија Проект: Инклузивни и образовни политики за учениците со дислексија Проект: Транспарентни информации з...

Достапна е првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава

Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во учењето, за која во светот повеќе од една деценија се користи асистивна технологија. Преку асистивната технологија значително се олеснуваат проблемите со кои се соочуваат лицата со дислексија. Во нашата држава овој тип на технологија воопшто и не постоеше се додека Филозофскиот Факултет Скопје, Здружението за дислексија Ајнштајн и ИТ компанијата Emit Knowledge не ги превземаа првите чекори кон создавање на инклузивни образовни услови за лицата со дислексија преку креирање на првиот кирилски фонт за дислексија и креирање на првиот Dyslexic Plug-in наменет за интернет пребарувачот Google Chrome. DyslexicFZF претставува компјутерски фонт наменет за лицата кои имаат тешкотии во читањето, односно лицата со дислексија. Основната цел на пост...