Избрани текстови

Дали проблемот е во децата со дислексија или во образовниот систем?

Многу често на сите ни се случува да ги обвинуваме децата. Ги обвинуваме дека го оставаат светлото запалено, дека не си ги собираат садовите после јадење, дека се премногу гласни итн. Сите овие работи се оправдани и доколку го остават светлото вклучено, а излегле од собата треба да понесат одговорност и треба да ги научиме зошто е важно за се исклучи светлото пред да се напушти собата. Но, да ги обвинуваме децата што не успеале да научат да читаат и потоа да ги караме затоа што вербално го искажуваат своето незадоволство е сосема погрешно и е многу веројатно да предизвика непоправлива штета. Како и да е, денеска бев на состанок на кој се зборуваше за одредена програма за читање и како функционира компјутерскиот дел на истата. Всушност, учениците можат да се снимаат себе си додека читаат не...

АКТИВИРАЈ СЕ И БИДИ ВОЛОНТЕР ВО АЈНШТАЈН!!!

Здружението за дислексија Ајнштајн објавува повик за волонтери!!! Оние кои ќе бидат заинтерсирани да бидат волонтери ќе ја добијат можноста да стекнат искуство од секаков вид на организирање на настани, собирање и обработка на податоци, логистичка и административна поддршка, поддршка при организирање на настани,подготвување на веб содржини и анализи и други работи поврзани со работата на здружението Ајнштајн. Со волонтирање се добива можност за учење и стекнување на нови пријателства. Бидете активни! Вклучете се! Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на адресата: contact@disleksija.org.mk најдоцна до 22.11.2019. Заинтересираните кандидати можат да ги поставуваат своите прашања кај Јана Димитриевска на е-маил: j.dimitrievska@disleksija...

Првата dyslexia friendly веб страна е креирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја пушти во употреба својата нова веб страна надградена со нов изглед и нови функционалности кои ќе им помогнат на лицата со дислексија лесно и едноставно да ги читаат веб содржините. Инспирирани од новиот кирилски фонт DyslexicFZF тимот на ФООМ на својот веб-сајт додаде копче во горниот десен агол кое целиот сајт трансформира во наведениот фонт. Исто така покрај менувањето на фонтот додадена е уште една функционалност кој ќе го олесни читањето кај лицата со дислексија, односно копче за зумирање на веб содржините. “Новиот веб-сајт на Фондацијата Отворено општество – Македонија, го подготвувавме подолго време, сакавме истиот да има што е можно повеќе функционалности кои ќе го направат лесно достапен за што е можно повеќе граѓани. Фонд...

Дислексијата не е поврзана со видот

Дислексијата како состојба не е поврзана со било какви проблеми со видот, велат најновите истражувања. Тимови од универзитетите Бристол и Њу Касл направија различни тестирања на видот на повеќе од 5.800 деца и не успеаа да најдат разлики во видот кај децата кои се соочуваат со дислексија. Ова ја оспорува и  ефикасноноста на проѕирните фолии во боја за кои досега се сметше дека го олеснуваат процесот на читање за лицата со дислексија. Ко-авторката на извештајот од истражувањето, Александра Креавин, изјави дека е “малку вреојатно”  видот да биде причина за ваквите проблеми со читањето. Студијата се заснова на долгорочно истражување во областа Бристол, која го следи здравјето на повеќе од  14.000 деца од 1990-тите. Околу 3% од децата имаат тешка форма на дислексија. Затоа, истражувачите напра...

Слабите оценки на учениците со дислексија се единица за нашиот образовен систем

Мрзеливи, незаинтересирани, расеани, неинтелигентни, а некогаш и со ментална попреченост. Ова, многу често, кај нас се квалификации за учениците со дислексија. Состојбата е непрепознаена во нашето образование, а професорите се неинформирани и неедуцирани за неа како потешкотија во учењето. Недостатокот на ефикасни едукативни методи за деца со дислексија во нашите основни и средни училишта, остава трајни и несогледливи последици на младите во оваа клучна фаза на нивниот ментален и психички развој. Штетите кои ги создава неефикасното образование не се само едукативни, децата од нашиот школски систем излегуваат со многу ниска самодоверба, неразвиени вештини и слаба социјализираност. Тие се веќе убедени дека нешто не е во ред со нив, штом не можат да се прилагодат на наставата која е добра за ...

Јас бев исмевана поради мојата дислексија, не смееме да дозволиме тоа да им се случува и на другите деца

Пред се, ви благодарам што издвоивте дел од вашето време за да го прочитате овој текст. Она што сакам да го споделам со вас е нешто што за мене е многу лично и емотивно. Кога имав 30 години открив нешто што ми го промени животот за секогаш и е токму она кое сакам да го споделам со вас. Искрено се надевам дека тоа што ќе го прочитате подолу во овој текст ќе успее да го промени вашиот живот или животот на некој ваш близок. Јас бев девојка која порасна во Гана, која не можеше ниту да го прочита, ниту да го напише дури и сопственото име. Секогаш бев бавна и последна во совладувањето на материјалот по речиси сите училишни предмети и секогаш добивав слаби оценки по сите предмети. Моите наставници ме казнуваа за слабите оценки, а моето семејство ме исмеваше за поради резултатите постигнати во учи...

Отворено е првото училиште за ученици со дислексија

Учениците со дислексија заслужуваат посебни образовни програми и начини на образование кои ќе бидат прилагодени според нивните потреби, но дали тоа е возможно да се оствари во редовните училишта? Ова е прашање кои ги мачи многумина, кога зборуваме за дислексија воопшто не е потребно да се споменува инклузијата затоа што учениците со дислексија по секако се дел од редовните училишта. Дел од експертите се на ставот дека местото на учениците со дислексија е дефинитивно во редовните училишта, додека другиот дел од стручните лица се залагаат за воведување на училишта специјално наменети за овие ученици каде што истите ќе бидат целосно прифатени од околината и ќе можат вистински да ги откријат талентите и дарбите кои произлегуваат од  дислексијата. Во Њујорк се отвори првото државно училиште за ...

Следете го во живо најголемиот глобален самит за дислексија

Настан: Глобален самит за дислексија Организатор:  Фондација Made by dyslexia Датум:  14.10.2019 Почеток: 19:00 часот / следете го самитот во живо на facebook (кликни тука) Втора година по ред фондацијата Made by dyslexia го организира најголемиот светски самит посветен на дислексијата. Оваа година организаторите на самитот на едно место ќе ги соберат едни од најуспешните дислексичари на денешницата се со цел подобрување на образовните услови и подобрување на условите за вработување на лицата кои се соочуваат со дислексија. Made by dyslexia за сите заинтересирани лица ќе врши директен пренос преку facebook live stream. На самитот свое учество ќе земат голем број светски познати личности, вип лица и бизнис лидери кои ќе учествуваат на панел дискусиите или ќе се вклучат на самиот настан вирт...

Процена и стратеги за работа со ученици со дислексија, дскалкулја, дисгафија и диспраксија

Како повторно да актуелизираме стари и да поставиме нови прашања, како да дојдеме до одговори корисни за наставниците, стручните работници, родителите, истражувачите и за сите оние кои бараат инструментариум и практични методи за препознавање и надминување на тешкотиите со читањето, пишувањето и математиката? Како да ја зголемиме сигурноста, самодовербата и чувството за успех и напредок кај учениците? Потрагата по одговори на овие прашања обедини авторски тим кој се обиде да даде прилог во зајакнувањето на свесноста за сите релевантни аспекти на анализираните прашања, но и на страниците на оваа книга да понуди конкретни методи за проверка, како и практични вежби за поттикнување на развојот на позитивни когнитивни модели кај ученикот кои ќе помогнат да ги надмине тешкотиите во читањето, пиш...

Запиши се на втор циклус студии за СПЕЦИФИЧНИ ТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО на Филозофскиот Факултет Скопје

За прв пат во нашата држава од оваа учебна година, на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет, со реализација отпочнуваат последипломски студии  во областа на Специфичните тешкотии во учењето. Академскиот назив со кој се стекнува студентот по завршувањето на студиите е Магистер по специјална едукација и рехабилитација – специфични тешкотии во учењето. Модерната студиската програма соодветствува на британските и американските студиски програми во оваа област. Студентите ќе се стекнат со компетенции поврзани со специфичните тешкотии во учењето – дислексија, дисграфија, диспраксија и дискалкулија, вештини за процена на специфичните тешкотии во учењето како и дополнителни знаења за тешкотии во учењето кај ученици со бихејвиорални проблеми. Преку изборните ...

Повик за бесплатно учество на 7 дневен тренинг курс во Козенца – Италија

Здружението за дислексија Ајнштајн објавува повик за учество на 7 дневен тренинг курс во рамки на проектот MEWE – Facemaps дел од Еразмус + програмата. Тренингот  ќе се одржи во Козенца, Италија од  12ти до 18ти Октомври 2019 година. Целта на овој тренинг е да се зголеми свеста кај учесниците за техниките на иновативно и креативно раскажување на приказни (Story telling), како и да им овозможи на учесниците да ги поддржат младите со кои работат во нивните заедници. Воедно, целта на оваа обука е да ги охрабри младите да изнајдат креативни начини да го пренесат знаењето во локалната заедница  за различните култури и нации, нивните традиции и навики, како и изнаоѓање на начини за подобрување на комуникациските и организациските вештини. Повеќе информации можете да најдете ТУКА (MEWE – In...

Биди активен член на “Ајнштајн”

Тимот на Здружението за дислексија Ајнштајн воведува промени во своето работење, односно воведување на активно и неактивно членство во Здружението за сите заинтересирани граѓани. Членовите, кои ќе одлучат да бидат активни членови на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН ќе добијат своја персонална членска картичка со која ќе можат да ги уживаат следните поволности: 20% попуст на сите семинари, работилници и конференции кои ги организира нашето здружение 10% попуст секој ден на сите изданија од издавачката куќа Арс Ламина, со ознака „лесно читливи“, во книжарниците на Литература.мк 10% попуст на сите третмани за корекција на дислексија, дискалкулија, дисграфија и АДХД во Првиот центар за дислексија. 10% попуст на училишен прибор во сите книжарници на Тримакс, секој последен петок во месецот.  ...

  • 1
  • 2
  • 5