Избрани текстови

Депресија и дислексија и што може да направите во врска со тоа

Кога кај Нејт беше дијагностициранa депресија минатата година, бев многу потиштена. Тој имаше само 7 години… се чувствував дека сум потфрлила како мајка. Мислам, каква мајка треба да сум за да не можам да го направам сопственото дете среќно? Секако, ваквиот начин на размислување е многу нефер, но тоа беа мислите кои ми се вртеа во главата тогаш. Кога докторот го праша Нејт дали е среќен, тој одговори “не баш”. Оваа изјава ми го скрши срцето. Често дислексијата и депресијата одат едно со друго и причината за тоа е многу очигледна. Секој ден мојот син е принуден да биде во средина која постојано го потсетува дека не успеал. Дислексијата не влијае само на неговата способност за читање, туку и на секој аспект од неговиот живот и учењето. Пишувањето е ужасно, спелувањето безнадежно, учењето на ...

Светот на дислексијата гледа како на недостаток

Зачудувачки е фактот што само 3% од луѓето ја гледаат дислексијата како предност, според истражувањето на направено од YouGov за потребите на организацијата Made By Dyslexia. Основачот на организација, Кејт Григс е решена да се бори против стигмата и погрешната перцепција за дислексија. Таа токму на оваа тема зборуваше на еден од настаните “Ted Talk”, што навистина вреди да се слушне. Таа е фокусирана на промена на перцепцијата (или заблуда) за дислексијата и помагање на луѓето да разберат дека всушност дислексијата е само поинаков начин на размислување. Самата организација “Made By Dyslexia”  е управувана од страна на лица со дислексија и ги собира на едно место многуте успешни дислексичари кои направиле неверојатни работи. Таа објаснува како дислексија е предизвикана од разли...

8 инспиративни филмови за дислексија

Денес, креиравме листа на 8 инспиративни филмови за дислексијата кои задолжително треба да ги погледнете. Овие филмови се одличен приказ на сите проблеми, потешкотии и предизвици со кои се соочуваат сите лица со дислексија и потешкотии во учењето. Се надеваме дека токму овие филмови и документарци ќе ги инспирираат сите дислексичари да не се срамат од својата различност, туку напротив отворено да зборуваат за истото бидејќи само на тој начин може да се изгради здрава емоционална личност. Затоа заедно со вашите дечиња седнете пред телевизорот, изгледајте барем еден од овие филмови и започнете да зборувате за дислексијата и предизвиците, потешкотиите, различноста, но и за успесите кои произлегуваат од истата. УЖИВАЈТЕ!!! 1.Taare Zameen Par Режиран од самиот г-дин Перфекционист, “Taare Zameen...

Годишен извештај 2018 година – Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во изминатата 2018 година спроведе бројни активности согласно своите стратешки определби за период од 2017 до 2020 година односно активности во согласност со следните определби: Програма за унапредување на образовните услови за лицата со потешкотии во учењето Програма за развивање на јавната свест Програма за подигнување и јакнење на јавната свест за штетното влијание од прекумерното користење на современите технологии Програма за млади и младински активизам Програма за институционално јакнење на организацијата Како едни од најважните активности кои ги спроведовме би ги издвоиле: Проектот “Инфо ѕид за дислексија” Проект: Не сум чуден, само имам дислексија Проект: Инклузивни и образовни политики за учениците со дислексија Проект: Транспарентни информации з...

Бранка Бугариска – Арс Ламина ги поттикнува децата да ги развиваат нивните читачки навики и да ја засакаат книгата

Неодамна на Филозофскиот Факултет се одржа промоцијата на првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава, како дел од промоцијата на фонтот DyslexicFZF и додавката Бато заедно со нашите пријатели издавачката куќа Арс Ламина ги промовиравме и 40-те лесно читливи изданија на лектири прилагодени за учениците со дислексија. На овогодинешниот саем на книгата Арс Ламина ја освои и првата награда од Македонската асоцијација на издавачи токму за проектот „Лесно читливи лектири“. За тоа што претставува овој проект кој е поддржан од Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и Филозофскиот Факултет Скопје ќе дознаете од разговорот со Бранка Бугариска директорка на издаваштво во Арс Ламина.  1. Всушност, што претставува проектот „Лесно читливо“? Проектот „Лесно читливи лектири“ е едиција на лект...

Достапна е првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава

Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во учењето, за која во светот повеќе од една деценија се користи асистивна технологија. Преку асистивната технологија значително се олеснуваат проблемите со кои се соочуваат лицата со дислексија. Во нашата држава овој тип на технологија воопшто и не постоеше се додека Филозофскиот Факултет Скопје, Здружението за дислексија Ајнштајн и ИТ компанијата Emit Knowledge не ги превземаа првите чекори кон создавање на инклузивни образовни услови за лицата со дислексија преку креирање на првиот кирилски фонт за дислексија и креирање на првиот Dyslexic Plug-in наменет за интернет пребарувачот Google Chrome. DyslexicFZF претставува компјутерски фонт наменет за лицата кои имаат тешкотии во читањето, односно лицата со дислексија. Основната цел на пост...

Бато е додаток на Chrome пребарувачот кој обезбедува помош при читање за лица со дислексија

Информатичката технологија е многу корисна за лицата кои се соочуваат со дислексија. Во светски рамки постојат голем број на технолошки иновации кои го олеснуваат читањето и пишувањето, односно ги олеснуваат потешкотиите со кои се соочуваат лицата со дислексија. ИТ компанијата Emit Knowledge го следи примерот на развиените земји за создавање на инклузивно општество за лицата со дислексија користејќи ја информатичката технологија. Со креирањето на првата додавка наменета за интернет пребарувачот Google Chrome, IT  компанијата Emit Knowledge  докажува колку е важна општествената одговорност на компаниите во нашето општество. Со Марјан Николовски сопственик на Emit Knowledge разговараме за можностите кои ги нуди новата додавка и за начините на кои истата би ги олеснила секојдневните предизвиц...

DyslexicFZF ги прави подостапни текстуалните содржини за лицата со дислексија

Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во учењето, за која во светот повеќе од една деценија се користи асистивна технологија. Преку асистивната технологија значително се олеснуваат проблемите со кои се соочуваат лицата со дислексија. Во нашата држава овој тип на технологија воопшто и не постоеше се додека Филозофскиот Факултет Скопје, Здружението за дислексија Ајнштајн и ИТ компанијата Emit Knowledge не ги превземаа првите чекори кон создавање на инклузивни образовни услови за лицата со дислексија преку креирање на првиот кирилски фонт за дислексија и креирање на првиот Dyslexic Plug-in наменет за интернет пребарувачот Google Chrome. Со Доц.др. Александра Каровска Ристовска и м-р Маја Филиповска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација  при Филозофскиот Факулте...

Нарушување во однесувањето АДХД е состојба која што се уште не им е доволно позната на родителите во нашата држава

Нарушување во однесувањето придружено со недостиг на внимание, импулсивност и хиперактивност или пак без хиперактивност е состојба која што за жал се уште не им е доволно позната на родителите во нашата држава. Сведоци сме на се поголем број на деца кои се хиперактивни и не можат да го задржат своето внимание, за тоа како да се препознае дете со АДХД или АДД и како да им се помогне на децата разговаравме со Славица Тасевска Николовска лицанциран тренер за корекција дислексија, АДХД, АДД, дисграфија и дискалкулија со метод на Рон Дејвис – Davis Dyslexia Association International 1.Како ја дефинирате состојбата наречена АДХД ? АДХД е кратенка од Attention Deficit Hyperactivity Disorder – АДХД  или во превод нарушување поради недостиг на внимание со хиперактивност. Слична состојба е АДД...

18 знаци на диспраксија, што не значат само “несмасност”

Ова е листата на сите работи кои ги направив погрешка во последните 24 часа- истурив врела вода врз моите стапала, си ја заборавив кредитната картичка во ресторан,  паднав во бањата додека си ги бричев нозете, облеков две бели маици и сфатив дека и двете се флекави. Ниту една од овие работи не ме изненадува, со оглед на тоа што пред повеќе од 15 години открив дека имам диспраксија. Несмасноста или “трапавоста” е еден од најчестите знаци на диспраксија. Но, и покрај тоа, кога станува збор за диспраксија, таа е повеќе од само несмасност, а експертите велат дека несмасноста е само еден од знаците. Диспраксијата, исто како и дислексијата, претставува потешкотија во учењето или наједноставно кажано дел од пораките и наредбите кои нашиот мозок ги испраќа не успеваат да стигнат до нашето тело. Ја...

Јавен повик: тренинг на тема “Младите против говорот на омраза”

Здружението АЈНШТАЈН, во рамки на проектот “Младите против говорот на омраза” финансиски поддржан од Агенција за млади и спорт, објавува јавен повик за учество на 20 млади лица/ студенти кои што ќе учествуваат на курс-тренинг за идентификација и спречување на ширењето на говорот на омраза. Истиот ќе биде поделен во 4 интерактивни тренинзи во период од 2 месеци, односно од Март до Мај 2019 година. Што ќе добијат селектираните учесници од тренингот? Запознавање со елементите на говор на омраза и заштитените карактеристики на истиот, преку иновативни алатки и техники од страна на искусни обучувачи. Едуцирање на кој начин се врши диференцијација на говорот на омраза со неговите блиски концепти како дискриминација, криминал од омраза, клевети и навреди. Сертификат за успешно завршен тренинг за ...

Пораката на Џејми Оливер до сите деца со дислексија

Како светски најпознат готвач на ова време, Џејми Оливер има публикувано 20 книги, со заработка од 250 милиони долари, а за време на училишните денови бил етикетиран како дете со посебни потреби поради својата дислексија. Тој исто така немал прочитано ниту една книга се до својата 38ма година. Неодамна, за Radio Times изјави дека токму во дислексијата се крие тајната на неговиот успех. “Навистина мислам дека кога ќе разберете дека некое дете има дислексија, треба да клекнете пред него, да му подадете рака и да му кажете “Браво! Ти имаш многу среќа!” Кога сум на состанок, едноставно поинаку гледам на проблемите и се залагам за работите на поинаков начин. За некои треба да се испотите и да плачете и сами да ги направите.”- вели тој. Претседателот на Австралиското здружение за дислексија, Џод...