Избрани текстови

Следете го во живо најголемиот самит за дислексија во светот – Made By Dyslexia

Фондацијата MADE BY DYSLEXIA ве поканува да го следите во живо преку “Facebook” или “Youtube”  најголемиот глобален самит за дислексија во понеделник 15 октомври со почеток во 18 часот и 45 минути. Глобалниот самит “Made by dyslexia”  ветува дека ќе биде предизвикувачка вечер на плодни панел-дискусии на тема дислексија. Користејќи ги сознанијата од извештајот на EY “Вредноста на дислексијата” објавен претходно оваа недела, ќе се разговара за важноста од правилната поддршка потребна за децата со дислексија во образованието, со цел правилно развивање и искористување на талентите кои произлегуваат од дислексијата. На овој самит ќе имате можност да ги слушнете светските лидери, меѓу кои и г-дин Ричард Бренсон, државниот секретар за здравство и социјалн...

Како McDonald’s ја подигнува јавната свест за дислексијата

Дислексијата претставува една од најчестите потешкотии во учењето, која опфаќа околу 15 проценти од вкупното население. Но, оние кои никогаш не се соочиле со дислексијата, веројатно не можат да ги разберат проблемите со кои се соочуваат дислексичарите во секојдневниот живот. Октомври е светски месец за подигнување на јавната свест за дислексијата проследен со многу настани каде што се вклучуваат голем број на компании и институции од целиот свет. Дефинитивно Шведската подружница на најпрепознатливиот синџир на ресторани за брза храна McDonald’s оваа година се издвои од сите останати.  За да придонесат во одбележувањето на светскиот ден за подигнување на јавната свест за дислексијата, McDonald’s и агенцијата Nord DDB во Шведска ги променија сите свои дигитални билборди, така што...

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок открива дека има дислексија

Британскиот министер за здравство откри дека има дислексија и дека можеби никогаш не би постигнал толкав успех без да користи “спел-чекер”. Мет Хенкок во интервјуто за списанието “GQ”  објаснува дека досега никогаш не зборувал за својата дислексија, бидејќи не сакал да зборува за своите слабости. Според него модерната технологија може штетно да влијае врз менталното здравје на младите, но од друга страна може да им помогне во патот до успехот. Тој претходно ги повика директорите на училиштата да го забранат користењето на мобилните телефони за време на наставата, но денес не е толку сигурен во тоа. “Модерната технологија може многу да помогне. Ќе ви дадам еден личен пример. Никогаш претходно не сум го кажал ова, но јас имам дислексија и за истата не дознав во училиште, туку за време на мои...

Претседателот Доналд Трапм со порака по повод месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

Американскиот Претседател Доналд Трамп се обрати до нацијата со порака по повод светстскиот месец за подигнување на јавната свест за дислексијата. Во прилог ви ја пренесуваме неговата порака: Јас и Меланија се приклучивме во признавањето на месец Октомври како интернационален месец за подигнување на јавната свест за дислексијата. Ние целосно сме посветени на подобрување на условите за учење и работните услови за сите граѓани на Америка, а особено на креативните и успешните дислексичари. Ние ги поттикнуваме сите граѓани на Америка да се запознаат со дислексијата, да се залагаат за децата и возрасните со дислексија и да ги поддржат своите пријатели, колеги, членови од семејството и своите сакани во борбата со дислексијата . Дислексијата представува невролошко- когнитивна потешкотија во учење...

Дали емоционалните нарушувања ја предизвикуваат дислексијата?

Дислексијата сама по себе и не претставува поголем проблем. Илјадници лица со дислексија го пронаоѓаат својот различен стил на учење, со цел да постигнат одредени академски вештини. Проблемот е што вложуваат многу труд и енергија за да се вклопат во востановениот систем на образование, кој е заснован примарно на читање и пишување. Треба да бидете внимателни. Кога ќе се забележат знаците на дислексија, треба да се дејствува за да не дојде до емоционални нарушувања, кои не се ретки кај лицата со дислексија. ДАЛИ ЕМОЦИОНАЛНИТЕ НАРУШУВАЊА ЈА ПРЕДИЗВИКУВААТ ДИСЛЕКСИЈАТА? Истражувањата покажуваат дека дислексијата е предизвикана од биолошки фактори, а не емоционални или фамилијарни проблеми. Семјуел Ортон е еден од првите истражувачи што го опишува емоционалниот аспект на дислексијата. Неговите ...

Диспраксија – техники за самопомош

За жал, за диспраксијата нема лек – нормално, затоа што не е болест. Диспраксијата е доживотна состојба и затоа треба да се делува на симптомите. На тој начин ќе си ја олесните состојбата. Прочитајте неколку совети за самопомош: РЕЛАКСАЦИЈА, СПОРТ И ВЕЖБИ Техниките за релаксација ни овозможуваат да се фокусираме на нашето тело на еден позитивен начин. Техниките за релаксација најдобро е да се комбинираат со спортски активности и вежби за да имаат најделотворен ефект кај лицата со диспраксија. Техника за визуелизација и позитивно мислење препорачана за диспраксија  (Dianne Zacchero) Најнапред почни да се релаксираш на следниов начин: Исклучи го телефонот и смести се на удобно и мирно место каде што нема врева; Избери смирувачка и тивка музика; Седни на удобна столица водејќи сметка ‘рбетот ...

Тајни за успех на дислексичарите

Во светот имаме многу успешни луѓе со дислексија и безброј успешни приказни. Секоја од нив е инспирација и личен триумф. Не можеме сите да бидеме Том Круз или Ричард Бренсон, двајца хиперуспешни дислексичари, но успехот не се мери само во богатството и славата. Успехот претставува пронаоѓање на своето место на овој свет, градење на самодоверба и надминување на дислексичните потешкотии, а ова е нешто што секој дислексичар може да го постигне. Тоа го можеш и ти. Во повеќе наврати пишувавме за многуте успешни дислексичари низ светот. Но, што заедничко стои во позадина на сите тие успешни приказни? Мораме да бидеме свесни дека не постои магично стапче што ќе нè однесе до успехот. Не постои постигнување успех без вложен напор и напорна работа. Затоа, засукајте ги ракавите и започнете со работа....

Заеднички карактеристики на дислексичарите според Рон Дејвис

Според методот на Рон Дејвис, дислексичарите ќе покажуваат барем 10 од следниве карактеристики и однесувања. Овие карактеристики може да се разликуваат од ден за ден или од минута до минута. Постојано нешто за дислексичарите е нивната непостојаност. Општи карактеристики Изгледаат бистри, високоинтелигентни, и артикулирани, но не можат да читаат, пишуваат, или да читаат и пишуваат несоодветно за возраста; Етикетирани се како мрзливи, незаинтересирани, безгрижни, незрели, „не се труди доволно“, „има проблематично однесување“; Не се „доволно лоши со учењето“ за да се согледа дека им е потребна дополнителна помош; Имаат висок IQ, кој најчесто не може да се покаже на тестови; Се чувствуваат безвредни и глупави и имаат слаба самодоверба; ги кријат или прикриваат слабостите со генијални стратегии...

УМОТ НА ЕДЕН ДИСЛЕКСИЧАР – ДЕЛ 2

Размислуваат со слики наместо со зборови Без никакво изненадување, имаат тенденција да имаат високоразвиена визуелизација на нештата, па ја користат оваа визуелна помош за да ги планираат и организираат нивните животи. Едноставно животот го гледаат низ слики. Секогаш ќе имаат дислексија Тие можат да научат да читаат и да пишуваат, меѓутоа секогаш ќе имаат дислексија. За да им се олесни животот, започнати се процеси на изработка на посебен фонт и речник каде што фонтот ќе биде дизајниран да се избегне каква било конфузија и да се добие поголема прегледност, додека пак, во речникот ќе се даде особено внимание на значењето на зборовите наместо на нивниот редослед во буквите. Тие го користат мозокот различно Нивниот мозок помалку ја користи левата хемисфера, која е задолжена за делот со читање...

На 16 години го напушта училиштето, а денеска е еден од најуспешните бизнисмени

Бизнисменот Ричард Бренсон, сопственик на една од најуспешните светски авиокомпании – „Virgin Airlines”, вели дека во дислексијата треба да се препознае голем потенцијал при борбата со стереотипите. Бренсон на 16-годишна возраст го напуштил училиштето. Тој вели дека во тоа време дислексијата била третирана како хендикеп и неговите наставници тврделе дека е глупав, мрзелив и ученик кој едноставно нема никаков потенцијал во животот. На сето тоа, од денешна перспектива, тој слатко се потсмевнува и само кажува дека Алберт Ајнштајн, Хенри Форд, Томас Едисон и многу други успешни личности имале дислексија. Во една статија за The Sunday Times, тој ќе напише: „Причината за тоа зошто мислам дека луѓето со дислексија страдаат во училиште, е тоа што ние дислексичарите претендираме работите да ги напр...

СТРАТЕГИИ ЗА ПОЛЕСНО ЧИТАЊЕ

Учебниците, лектирите и списанијата се само дел од секојдневните задачи што дислексичарот ќе треба да ги прочита. Дислексичарите генерално имаат проблеми со читањето, што може да им предизвика тешкотии во секојдневното живеење. Но, тоа не треба да обесхрабрува, бидејќи следните читачки стратегии можат да бидат од голема помош. Различни начини на читање Постојат три различни читачки техники, а тоа се: Техника за потрчување низ текстовите Техника за скенирање Техника за детали Целта на читањето е да се добијат информации. Во зависност од тоа што треба да го знаете, не секогаш е потребно читањето на секој збор од текстот. На пример, доколку сакате да пронајдете телефонски број во именикот, немате потреба да ги читате сите имиња што се напишани. Најверојатно само ќе ги скенирате имињата додека...

E = mc2 е резултат на дислексија

Не е тајна дека во светот има милиони и милиони луѓе што имаат дислексија. Но, дали е возможно да се докаже дека еден од најбрилијантните умови во светот имал дислексија? Многумина зборуваат дека токму Алберт Ајнштајн бил дислексичар, што можеби е навистина тешко да се поверува дека токму човекот којшто ја измислил теоријата на релевантноста, имал проблеми со учењето. Никогаш не може да се дознае дали некој има дислексија доколку не се изврши соодветна проценка. А, дефинитивно за некој што е починат, не може да се одреди дали имал дислексија или, пак, не. По едно направено истражување може да се заклучи дека Ајнштајн најверојатно имал дислексија. Следуваат 4 карактеристики што ги поседувал АЈНШТАЈН, а укажуваат на тоа дека тој бил дислексичар. Имал задоцнет говор Како многу лица со дислекс...