Дислексија

Дали проблемот е во децата со дислексија или во образовниот систем?

Многу често на сите ни се случува да ги обвинуваме децата. Ги обвинуваме дека го оставаат светлото запалено, дека не си ги собираат садовите после јадење, дека се премногу гласни итн. Сите овие работи се оправдани и доколку го остават светлото вклучено, а излегле од собата треба да понесат одговорност и треба да ги научиме зошто е важно за се исклучи светлото пред да се напушти собата. Но, да ги обвинуваме децата што не успеале да научат да читаат и потоа да ги караме затоа што вербално го искажуваат своето незадоволство е сосема погрешно и е многу веројатно да предизвика непоправлива штета. Како и да е, денеска бев на состанок на кој се зборуваше за одредена програма за читање и како функционира компјутерскиот дел на истата. Всушност, учениците можат да се снимаат себе си додека читаат не...

Првата dyslexia friendly веб страна е креирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја пушти во употреба својата нова веб страна надградена со нов изглед и нови функционалности кои ќе им помогнат на лицата со дислексија лесно и едноставно да ги читаат веб содржините. Инспирирани од новиот кирилски фонт DyslexicFZF тимот на ФООМ на својот веб-сајт додаде копче во горниот десен агол кое целиот сајт трансформира во наведениот фонт. Исто така покрај менувањето на фонтот додадена е уште една функционалност кој ќе го олесни читањето кај лицата со дислексија, односно копче за зумирање на веб содржините. “Новиот веб-сајт на Фондацијата Отворено општество – Македонија, го подготвувавме подолго време, сакавме истиот да има што е можно повеќе функционалности кои ќе го направат лесно достапен за што е можно повеќе граѓани. Фонд...

Слабите оценки на учениците со дислексија се единица за нашиот образовен систем

Мрзеливи, незаинтересирани, расеани, неинтелигентни, а некогаш и со ментална попреченост. Ова, многу често, кај нас се квалификации за учениците со дислексија. Состојбата е непрепознаена во нашето образование, а професорите се неинформирани и неедуцирани за неа како потешкотија во учењето. Недостатокот на ефикасни едукативни методи за деца со дислексија во нашите основни и средни училишта, остава трајни и несогледливи последици на младите во оваа клучна фаза на нивниот ментален и психички развој. Штетите кои ги создава неефикасното образование не се само едукативни, децата од нашиот школски систем излегуваат со многу ниска самодоверба, неразвиени вештини и слаба социјализираност. Тие се веќе убедени дека нешто не е во ред со нив, штом не можат да се прилагодат на наставата која е добра за ...

Јас бев исмевана поради мојата дислексија, не смееме да дозволиме тоа да им се случува и на другите деца

Пред се, ви благодарам што издвоивте дел од вашето време за да го прочитате овој текст. Она што сакам да го споделам со вас е нешто што за мене е многу лично и емотивно. Кога имав 30 години открив нешто што ми го промени животот за секогаш и е токму она кое сакам да го споделам со вас. Искрено се надевам дека тоа што ќе го прочитате подолу во овој текст ќе успее да го промени вашиот живот или животот на некој ваш близок. Јас бев девојка која порасна во Гана, која не можеше ниту да го прочита, ниту да го напише дури и сопственото име. Секогаш бев бавна и последна во совладувањето на материјалот по речиси сите училишни предмети и секогаш добивав слаби оценки по сите предмети. Моите наставници ме казнуваа за слабите оценки, а моето семејство ме исмеваше за поради резултатите постигнати во учи...

5 стратегии наменети за наставниците на учениците со дислексија

Времето поминато во училиште и едукација игра голема улога во развојот на детето.  Како наставник, давањето поддршка на учениците со дислексија е прекрасна можност, но може да претставува и голем предизвик. Важно е да се запомни дека детето кое се соочува со дислексија води битка, која не се заснова на ниско ниво на интелигенција или мрзеливост ниту пак тоа е нивен личен избор. Децата со дислексија учат на различен начин. Нивниот мозок едноставно не може да запомни некоја информација на начин на кој тоа го прават децата кои не се соочуваат со оваа состојба, а тоа го прави процесот на учење бавен или во одредени случаи скоро невозможен. Сепак, со посветеност, помош и примена на некои стратегии од страна на наставникот можат да научат многу и да постигнат високи резултати. Ова се 5-те страте...

Депресија и дислексија и што може да направите во врска со тоа

Кога кај Нејт беше дијагностициранa депресија минатата година, бев многу потиштена. Тој имаше само 7 години… се чувствував дека сум потфрлила како мајка. Мислам, каква мајка треба да сум за да не можам да го направам сопственото дете среќно? Секако, ваквиот начин на размислување е многу нефер, но тоа беа мислите кои ми се вртеа во главата тогаш. Кога докторот го праша Нејт дали е среќен, тој одговори “не баш”. Оваа изјава ми го скрши срцето. Често дислексијата и депресијата одат едно со друго и причината за тоа е многу очигледна. Секој ден мојот син е принуден да биде во средина која постојано го потсетува дека не успеал. Дислексијата не влијае само на неговата способност за читање, туку и на секој аспект од неговиот живот и учењето. Пишувањето е ужасно, спелувањето безнадежно, учењето на ...

Светот на дислексијата гледа како на недостаток

Зачудувачки е фактот што само 3% од луѓето ја гледаат дислексијата како предност, според истражувањето на направено од YouGov за потребите на организацијата Made By Dyslexia. Основачот на организација, Кејт Григс е решена да се бори против стигмата и погрешната перцепција за дислексија. Таа токму на оваа тема зборуваше на еден од настаните “Ted Talk”, што навистина вреди да се слушне. Таа е фокусирана на промена на перцепцијата (или заблуда) за дислексијата и помагање на луѓето да разберат дека всушност дислексијата е само поинаков начин на размислување. Самата организација “Made By Dyslexia”  е управувана од страна на лица со дислексија и ги собира на едно место многуте успешни дислексичари кои направиле неверојатни работи. Таа објаснува како дислексија е предизвикана од разли...

Бранка Бугариска – Арс Ламина ги поттикнува децата да ги развиваат нивните читачки навики и да ја засакаат книгата

Неодамна на Филозофскиот Факултет се одржа промоцијата на првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава, како дел од промоцијата на фонтот DyslexicFZF и додавката Бато заедно со нашите пријатели издавачката куќа Арс Ламина ги промовиравме и 40-те лесно читливи изданија на лектири прилагодени за учениците со дислексија. На овогодинешниот саем на книгата Арс Ламина ја освои и првата награда од Македонската асоцијација на издавачи токму за проектот „Лесно читливи лектири“. За тоа што претставува овој проект кој е поддржан од Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и Филозофскиот Факултет Скопје ќе дознаете од разговорот со Бранка Бугариска директорка на издаваштво во Арс Ламина.  1. Всушност, што претставува проектот „Лесно читливо“? Проектот „Лесно читливи лектири“ е едиција на лект...

Достапна е првата асистивна технологија за дислексија во нашата држава

Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во учењето, за која во светот повеќе од една деценија се користи асистивна технологија. Преку асистивната технологија значително се олеснуваат проблемите со кои се соочуваат лицата со дислексија. Во нашата држава овој тип на технологија воопшто и не постоеше се додека Филозофскиот Факултет Скопје, Здружението за дислексија Ајнштајн и ИТ компанијата Emit Knowledge не ги превземаа првите чекори кон создавање на инклузивни образовни услови за лицата со дислексија преку креирање на првиот кирилски фонт за дислексија и креирање на првиот Dyslexic Plug-in наменет за интернет пребарувачот Google Chrome. DyslexicFZF претставува компјутерски фонт наменет за лицата кои имаат тешкотии во читањето, односно лицата со дислексија. Основната цел на пост...

DYSLEXIE – фонт што им помага на дислексичарите

Кристиан Боер создаде посебен фонт што им помага во читањето на лицата со дислексија. Фонтот може и бесплатно да се преземе на Интернет и на многу дислексичари им има помогнато. Ние луѓето што имаме дислексија, кога читаме, буквите во нашиот ум несвесно се превртуваат, ги гледаме обратно, односно одразително, а многу често знаат да исчезнат, или пак, да „играат“ низ страниците. Традиционалните фонтови уште повеќе ја влошуваат ситуацијата, бидејќи дизајнот на поединечните букви се потпира на останатите, но и многу често фонтовите се направени од естетски причини. Дислексичарите таквите букви ги гледаат исто и навистина тоа им претставува проблем во читањето. Вака Боер ја започнува својата дислексична приказна. Тој се бори со дислексијата целиот свој живот. Како дипломски труд на ликовната а...

Историја на дислексијата

Откривањето на дислексијата и развојот на третманите за нејзиното третирање започнува во доцниот 19 век. Во 1878 година германскиот физичар д-р Кусмал подучувал човек што не бил способен да чита. Човекот имал нормална интелигенција и имал адекватни образовни инструкции. Д-р Кусмал го опишал неговиот проблем како слепило за читање. Неколку години подоцна,  во 1887, германскиот офталмолог Рудолф Берлин ваквата состојба ја опишал како дислексија, што потекнува од грчките зборови dys (слаб, лош, непримерен) и lexis (јазик, збор). Оттогаш, па сè до денес, терминот дислексија е синоним за потешкотии во читањето. Првпат дислексијата е спомената во Англискиот Медицински Весник во 1896 година. Во тоа време дислексијата била наведена како  „Congenital word blindness“. Во 1925 година американскиот не...

Дали емоционалните нарушувања ја предизвикуваат дислексијата?

Дислексијата сама по себе и не претставува поголем проблем. Илјадници лица со дислексија го пронаоѓаат својот различен стил на учење, со цел да постигнат одредени академски вештини. Проблемот е што вложуваат многу труд и енергија за да се вклопат во востановениот систем на образование, кој е заснован примарно на читање и пишување. Треба да бидете внимателни. Кога ќе се забележат знаците на дислексија, треба да се дејствува за да не дојде до емоционални нарушувања, кои не се ретки кај лицата со дислексија. ДАЛИ ЕМОЦИОНАЛНИТЕ НАРУШУВАЊА ЈА ПРЕДИЗВИКУВААТ ДИСЛЕКСИЈАТА? Истражувањата покажуваат дека дислексијата е предизвикана од биолошки фактори, а не емоционални или фамилијарни проблеми. Семјуел Ортон е еден од првите истражувачи што го опишува емоционалниот аспект на дислексијата. Неговите ...