Дислексија

Умот на еден дислексичар – дел 1

Тешко е да се разбере, нели? Доколку не сте еден од оние 10 до 15 проценти од популацијата што има дислексија, тогаш е многу потешко да разберете. Лесно е да се помисли на ова како некој вид измама. Но, мислењето дека „ако овие луѓе само малку поработат на себе и се потрудат малку повеќе, би можеле да го поминат проблемот“, е тотално невистинито. Дислексијата е дарба за способност да се гледаат нештата од повеќе различни перспективи истовремено. Самата дарба доаѓа и со еден вид потешкотии што се однесуваат на тоа дека има збунетост при давањето приоритет или наоѓање логика во сите тие перспективи. Дислектичарите можат да бидат луѓе со кои е тешко да се живее, или пак, да се покажуваат чувства како љубов, поради тоа што нивниот мозок работи на поразличен начин од останатите. Дури и ако се з...

Дислексијата низ светот

ДИСЛЕКСИЈА ВО АНГЛИЈА Првпат дислексијата е спомената во Англискиот медицински весник во 1896 година. Во тоа време, дислексијата била наведена како „Congenital word blindness“. „The Word blind centre“ (Центар за слепило за зборови) бил основан во Лондон во 1965 година. Тоа е и првото здружение што се појавува во Англија. Подоцна се оформуваат „The Helen Arkell Dyslexia Centre“ во 1971 година, а потоа следува и Институтот за дислексија и Британската асоцијација за дислексија во 1972 година. Што се однесува до правната регулатива, дислексијата за првпат билa споменатa во 1970 година. Во 1993 година се определува како специјална образовна потреба во Образовниот закон. Во Актот за еднаквост во 2010 година. Во Англија се предвидени законски регулативи за помош на лицата со дислексија. За децата...

Совети од дислексични ученици до учениците што имаат дислексија

Никој не може целосно да разбере како е да се биде ученик со дислексија, како што тоа може да го разбере друг ученик со дислексија. Нашите наставници и родители имаат совети за нас, но сега ќе ви покажеме неколку совети од вистински експерти за дислексија. Совети за следење на времето Ана (15) вели дека нејзината најдобра стратегија за завршување на домашната задача е едноставна: „Никаква технологија околу себе додека се пишува домашната задача. Многу важна алатка за мене е големиот ѕиден календар. На него пишувам колку време ми е потребно да завршам некоја работа. Бидејќи сум дислексичар, потребно ми е повеќе време на тестовите, нели? Исто така, потребно ми е да го користам целото слободно време за да ја напишам домашната задача така како што треба. Многу ми користи тоа што на календарот ...

Дислексијата на балканските земји

Хрватска Не постои официјална владина дефиниција за дислексијата. Во практика се користи дефиницијата прифатена од BDA (British dyslexia association). За разлика од останатите земји од поранешна Југославија, изоставувајќи ја Словенија, Република Хрватска се наоѓа на врвот во однос на дислексијата, но сепак, ни приближно блиску до развиените европски земји. Единствениот тренер за дислексија по методот на Рон Дејвис во Хрватска, Кристина Ана Мудринич, смета дека свеста на дислексијата е на високо ниво помеѓу хрватското население, но дека сè уште постојат одредени стигми околу оваа состојба. Голем дел од училиштата имаат тимови од стручни лица, кои им помагаат на учениците со дислексија. Дислексијата е регулирана во правна рамка, но не е доволно јасно поставена. Сепак, учениците со дислексија...

10 препораки за наставниците за работа со ученици со дислексија

Пофалбата им дава сила. Критиката ги убива! На учениците со дислексија им треба поттик за јакнење на нивната самдоверба, за потоа да научат да се справуваат со дислексијата. Тие веќе доживеале неуспех и длабоко во себе чувствуваат дека не се способни за учење. За да ја вратите нивната самодоверба, пронајдете можност за покажување одреден успех, а потоа пофалете ги и најмалите достигнувања. Секое подобрување кај овие деца е огромен успех за нив. Не барајте од ученикот со дислексија читање на глас! Поради потешкотијата која ј имаат овие ученици и грешките што би ги направиле, тие би доживеале срам, што пак од друга страна е контраефективно за нивната самодоверба. Не ги казнувајте ако заборавиле книга или прибор Понудете им организациски стратегии за чување на приборот на едно место. Не го уп...

Профил на учениците со дислексија

Различноста во потешкотиите со учењето и влијанието на секундарните фактори, како што се опкружувањето и самодовербата, значајно придонесуваат за индивидуалниот профил на ученикот со дислексија. Професорите може да се сретнат со ученици што: Имаат индивидуални потешкотии во учењето, различни стратегии за учење и емоционални одговори на проблемите; Имаат развиено силно чувство на компензаторски стратегии. Со тоа е многу тешко да се препознаат потешкотиите кај ученикот, со оглед на вложениот труд и време за учење и прикривање на своите недостатоци; Никогаш не биле кај стручно лице за дислексија и не се свесни за своите потешкотии, а имаат проблеми во ситуации каде што од нив се бара да ги покажат вештините за читање, пишување и организациските вештини; Пишуваат писмени задачи што не ги покаж...

Тинејџер со непрепознаена дислексија

Честопати бистрите деца се способни да компензираат во нивната дислексија во раните училишни години, но потешко можат да се справат со поголемите интелектуални барања од средното образование. Знаци според кои може да се утврди дислексијата кај тинејџерите: – Средношколецот што има дислексија, постојано го повторува материјалот за читање повеќе пати, сè додека не го разбере целосно; – Тинејџерите со дислексија имаат голема тешкотија со управувањето и следењето на домашните задачи, како и со зададените рокови за одредени задачи; – Дислексичарите најчесто не се свесни за задачите и обврските, затоа што неговите наставници „никогаш не им го кажале“ она што е потребно да се заврши; – Неретко се случува овие ученици да имаат тешкотии во учењето странски јазици. Оваа потеш...

ШТО ЧУВСТВУВААТ ЛИЦАТА СО ДИСЛЕКСИЈА?

Анксиозност – Анксиозноста е најчест емоционален симптом кој се сретнува кај лицата со дислексија. Лицата што се емоционално вознемирени од нивниот неуспех, ги попречува во можноста да мислат јасно. Учениците со дислексија се многу поподложни да ја искусат анксиозноста многу потешко. Ова произлегува од процесот познат како условување. Тој е еден воспоставен психолошки феномен, според кој, две појави обично се случуваат заедно. Појавата на едниот од нив е насочена да го потсети човекот на другото. Според тоа, дислексичните ученици секогаш се наоѓаат во ситуации кога тие имаат претходен неуспех и не го забораваат тоа, па затоа и реагираат со анксиозност.   Гнев (лутење) – Гневот е честа појава кај лицата со дислексија. Гневот се јавува како последица на фрустрациите во училиштата и соци...

10 % од населението во Европа се соочува со дислексија

За дислексијата многу често се вели дека е скриен недостаток. Токму поради таа причина не може да се утврди точниот број на децата и возрасните што имаат дислексија. Тоа е така поради тоа што кај многу деца дислексијата е доцна откриена, голем дел од дислексичарите применуваат многу добри стратегии за прикривање на своите недостатоци, што процесот на откривање на дислексијата кај нив го прави уште потежок. Постојат држави и општества каде што дислексијата е сè уште непозната состојба, и во едно такво опкружување на неинформираност, може да се каже дека дислексијата воопшто не е застапена, иако тоа не е така. Британското здружение за дислексија проценува дека во западниот свет дислексијата е застапена кај околу 10% од учениците, а 4% се соочуваат со сериозни потешкотии во учењето. Во Обедин...

Што претставува дислексијата?

Дислексијата, всушност, претставува проблем за којшто се води долгогодишна дебата, и создадени се многу дефиниции за неа во последните неколку децении. Класичната дефиниција е предложена од Светската федерација на невролози во 1968 година, која гласи: „Дислексијата претставува нарушување од конституциско потекло, кое се карактеризира со потешкотии во учењето, читањето и пишувањето, и покрај дадените адекватни образовни инструкции и присуство на нормална интелигенција и нормално социо-културно опкружување.“ Оваа дефиниција се заснова на критериумот за нееднаквоста меѓу вештините за читање и генералните когнитивни способности, односно интелигенцијата. Во оваа дефиниција, важно обележје за потешкотиите во учењето е достигнатото ниво на читање, кое е на значително пониско ниво во однос на возр...

  • 1
  • 2