Дислексија

10 % од населението во Европа се соочува со дислексија

За дислексијата многу често се вели дека е скриен недостаток. Токму поради таа причина не може да се утврди точниот број на децата и возрасните што имаат дислексија. Тоа е така поради тоа што кај многу деца дислексијата е доцна откриена, голем дел од дислексичарите применуваат многу добри стратегии за прикривање на своите недостатоци, што процесот на откривање на дислексијата кај нив го прави уште потежок. Постојат држави и општества каде што дислексијата е сè уште непозната состојба, и во едно такво опкружување на неинформираност, може да се каже дека дислексијата воопшто не е застапена, иако тоа не е така. Британското здружение за дислексија проценува дека во западниот свет дислексијата е застапена кај околу 10% од учениците, а 4% се соочуваат со сериозни потешкотии во учењето. Во Обедин...

Што претставува дислексијата?

Дислексијата, всушност, претставува проблем за којшто се води долгогодишна дебата, и создадени се многу дефиниции за неа во последните неколку децении. Класичната дефиниција е предложена од Светската федерација на невролози во 1968 година, која гласи: „Дислексијата претставува нарушување од конституциско потекло, кое се карактеризира со потешкотии во учењето, читањето и пишувањето, и покрај дадените адекватни образовни инструкции и присуство на нормална интелигенција и нормално социо-културно опкружување.“ Оваа дефиниција се заснова на критериумот за нееднаквоста меѓу вештините за читање и генералните когнитивни способности, односно интелигенцијата. Во оваа дефиниција, важно обележје за потешкотиите во учењето е достигнатото ниво на читање, кое е на значително пониско ниво во однос на возр...