Линк

АКТИВИРАЈ СЕ И БИДИ ВОЛОНТЕР ВО АЈНШТАЈН!!!

Здружението за дислексија Ајнштајн објавува повик за волонтери!!! Оние кои ќе бидат заинтерсирани да бидат волонтери ќе ја добијат можноста да стекнат искуство од секаков вид на организирање на настани, собирање и обработка на податоци, логистичка и административна поддршка, поддршка при организирање на настани,подготвување на веб содржини и анализи и други работи поврзани со работата на здружението Ајнштајн. Со волонтирање се добива можност за учење и стекнување на нови пријателства. Бидете активни! Вклучете се! Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на адресата: contact@disleksija.org.mk најдоцна до 22.11.2019. Заинтересираните кандидати можат да ги поставуваат своите прашања кај Јана Димитриевска на е-маил: j.dimitrievska@disleksija...

Првата dyslexia friendly веб страна е креирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја пушти во употреба својата нова веб страна надградена со нов изглед и нови функционалности кои ќе им помогнат на лицата со дислексија лесно и едноставно да ги читаат веб содржините. Инспирирани од новиот кирилски фонт DyslexicFZF тимот на ФООМ на својот веб-сајт додаде копче во горниот десен агол кое целиот сајт трансформира во наведениот фонт. Исто така покрај менувањето на фонтот додадена е уште една функционалност кој ќе го олесни читањето кај лицата со дислексија, односно копче за зумирање на веб содржините. “Новиот веб-сајт на Фондацијата Отворено општество – Македонија, го подготвувавме подолго време, сакавме истиот да има што е можно повеќе функционалности кои ќе го направат лесно достапен за што е можно повеќе граѓани. Фонд...

Биди активен член на “Ајнштајн”

Тимот на Здружението за дислексија Ајнштајн воведува промени во своето работење, односно воведување на активно и неактивно членство во Здружението за сите заинтересирани граѓани. Членовите, кои ќе одлучат да бидат активни членови на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН ќе добијат своја персонална членска картичка со која ќе можат да ги уживаат следните поволности: 20% попуст на сите семинари, работилници и конференции кои ги организира нашето здружение 10% попуст секој ден на сите изданија од издавачката куќа Арс Ламина, со ознака „лесно читливи“, во книжарниците на Литература.мк 10% попуст на сите третмани за корекција на дислексија, дискалкулија, дисграфија и АДХД во Првиот центар за дислексија. 10% попуст на училишен прибор во сите книжарници на Тримакс, секој последен петок во месецот.  ...

Тест

Упатство за пополнување : Следните изјави го опишуваат начинот на кој се однесуваш при учење или читање. Прочитај ја секоја изјава внимателно и ОДБЕРИ ОДГОВОР КОЈ НАЈДОБРО ГО ОПИШУВА НАЧИНОТ НА КОЈ ЧИТАШ ИЛИ УЧИШ. Работи брзо и одговарај според твојот прв впечаток и продолжи понатаму. Не се задржувај на ниту еден детаљ. Одговори на секоја од изјавите на начинот на кој се чувствуваш во моментот додека ги читаш. Запомни, нема точен или погрешен одговор за ниедна изјава и биди искрен/а колку што можеш. Ова анкетно истражување е целосно анонимно и нема потреба да внесувате ваши лични податоци. Одговорот кој најмногу се однесува на тебе обележи го со  Х во соодветното поле и запомнете можен е само еден одговор.