Сподели го написот

Активности / Избрани текстови / Линк

Биди активен член на “Ајнштајн”

Биди активен член на “Ајнштајн”

Тимот на Здружението за дислексија Ајнштајн воведува промени во своето работење, односно воведување на активно и неактивно членство во Здружението за сите заинтересирани граѓани.

Членовите, кои ќе одлучат да бидат активни членови на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН ќе добијат своја персонална членска картичка со која ќе можат да ги уживаат следните поволности:

  • 20% попуст на сите семинари, работилници и конференции кои ги организира нашето здружение
  • 10% попуст секој ден на сите изданија од издавачката куќа Арс Ламина, со ознака „лесно читливи“, во книжарниците на Литература.мк
  • 10% попуст на сите третмани за корекција на дислексија, дискалкулија, дисграфија и АДХД во Првиот центар за дислексија.
  • 10% попуст на училишен прибор во сите книжарници на Тримакс, секој последен петок во месецот. 
  • Приоритет при пријава за учество на сите семинари, работилници, конференции и настани кои ги организира нашето Здружение.
  • Редовни и навремени известувања и покани за семинари, работилници и конференции
  • Учество во собранието на членови како највисок орган на организацијата, а со тоа и можност за учество во донесувањето на одлуки релевантни за работата и активностите кои ги спроведува организацијата
  • Можност за аплицирање и станување  дел од телата на организацијата, како што се управен и надзорен одбор
  • Можност за учество на голем број платени едно дневни и повеќедневни обуки на различни теми во Скопје и низ територијата на цела држава.
  • Добивање на сите најнови публикации и прирачници бесплатно
  • Редовни известувања за проектните активности и ангажмани
  • Можност за волонтерски ангажман

Членарината за активните членови ќе изнесува 100  денари месечно, кои ќе се плаќаат на годишно ниво односно 1.200 денари.

Членовите, кои ќе одлучат да бидат неактивни членови на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и понатаму ќе продолжат редовно да добиваат известувања во однос на активностите кои ги спроведува нашата организација, како и известувања и покани за семинари, работилници и конференции. Членарината за неактивните членови ќе изнесува 50 денари месечно, кои ќе се плаќаат на годишно ниво, односно 600 денари на годишно ниво.

Условите за членување во Здружението Ајнштајн може да ги погледенте тука.

Сите оние, кои сакаат да бидат дел од членството на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН е потребно да не известат на contact@disleksija.org.mk, на +389 78 296 885 или да ја пополнат онлајн пристапницата достапна на следниов линк пристапница за членство .

По вашата пријава за активно или неактивно членство, дополнително ќе бидете известени за начинот и рокот на извршување на уплатата за истото.

Тимот на Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>