Сподели го написот

Дискалкулија / Некатегоризирано

Што е дискалкулија?

Што е дискалкулија?

КАРИН КУЦИЈАН

Развојната дискалкулија е поврзана со различни промени во функцијата на мозокот и самата структура на мозокот, на што укажуваат сè побројните докази. При неодамнешните истражувања  во областа на развојната дискалкулија користени се техниките за снимање на мозокот, за да се проучат мозоците на луѓето што вршат  задачи поврзани со броеви. Овие техники им овозможиле на истражувачите да генерираат слики на мозокот на учесниците со висока резолуција, што овозможува да се набљудуваат мозочните шеми за активирање при процесирање броеви.

Пресметувањето броеви е сложена когнитивна активност која се обработува од комплексна невронска мрежа.

Последните неколку години ни дадоа појасна слика за тоа што се случува во нашите мозоци за време на обработката и пресметувањето  на броевите. Снимките од мозокот  откриваат дека овие операции бараат цела невронска мрежа за да ги извршуваат. Во рамките на оваа мрежа постои област во мозокот наречена интрапаратетален сулкус (IPS), односно центар за нумеричка обработка. Можете да ја видите областа означена на сликата.

Во текот на истражувањата, центарот за нумеричка обработка се активира кога субјектите мораат да се справуваат со бројни величини. Ова вклучува не само математички задачи, туку и ситуации како што се едноставно гледање промена во количини на точки.

Нумеричката обработка, исто така, вклучува меморија, внимание, како и  перцептивни, моторни и просторни функции.

Ако на сето ова се додаде и  тоа дека и префронталниот кортекс е поврзан со когнитивните процеси вклучени во задачите за пресметување, почнуваме да добиваме идеја за тоа колку е сложена обработката на броевите.

Променета функција на мозокот во дискалкулија и надеж за корекција

Резултатите од истражувањето покажуваат дека активирањето на мозокот за време на задачи поврзани со броеви е помалку прецизно кај деца со развојна дискалкулија. Овие деца, исто така, можат да покажат недостатоци во основните мозочни региони, што се користат за обработка на броевите. За да го  ​​надоместат овој недостаток, дискалкуличните деца повеќе се потпираат на поддршката на мозочните области поврзани со меморијата, вниманието или пребројувањето на прстите. Всушност, тие треба да регрутираат други делови од мозокот за да се надомести  намалената активација во областите што обично се поврзани со нумеричка обработка.

Постои итна потреба да се трансформира ова основно знаење засновано на докази во практични апликации за образование и рехабилитација на учениците со дискалкулија. Првите чекори во оваа насока веќе се преземени и даваат ветувачки резултати за засегнатите деца. Нашиот мозок е високопластичен орган и постојано се приспособува – не само на типичен развој, туку и на посебна стимулација, како што е ремедијацијата.

Кои беа резултатите кога децата со дискалкулија завршиле конкретна интервенција? Снимките на мозокот прикажуваат намалување на активацијата за оние подрачја за кои зборувавме. Понатаму, зголемена активност беше забележана во областите како што е центарот за нумеричка обработка, кој е од суштинско значење за обработка на број.

Анатомски промени на мозокот кај развојната дискалкулија

Истражувањата покажуваат дека развојната дискалкулија не е поврзана само со промени во активирањето на мозокот, туку и со промени во анатомијата на мозокот. Едноставно кажано, нашиот мозок може да се подели на сива и бела материја. Сивата материја го вклучува надворешниот слој, а белата материја – внатрешниот слој на нашиот мозок.

Кога станува збор за сивата материја, намалениот волумен во областите за кои се смета дека играат клучна улога во нумеричките способности, ја карактеризира развојната дискалкулија. Основната обработка и пресметување броеви зависи од комплицирана мрежа која вклучува различни и широко распространети области на мозокот. Кај дискалкулијата, анатомската промена во сивата материја е видлива во речиси целата мрежа.

https://dyscalculia-blog.com/2016/09/27/dyscalculia-brain/#more-439

Овие региони на мозокот се поврзани и комуницираат со комплицирани врски помеѓу различните кортикални и поткортикални региони. Брзите и точни врски помеѓу различни мозочни региони се од суштинско значење за ефикасен трансфер и приспособување информации.

Сè уште малку се знае за оштетувањата на мозочните врски и како тие се однесуваат на развојната дискалкулија. Но, досегашните докази ја поддржуваат хипотезата дека развојната дискалкулија е поврзана со исклучување или намалена поврзаност помеѓу областите на мозокот кои се важни за обработка на број. Погодените региони на мозокот варираат, што може да се објасни со различната природа и различните степени на  дискалкулија.

За авторот:

Карин Куцијан студирала невробиологија и образовна наука во Швајцарскиот сојузен институт за технологија. Таа е доктор на науки во област што ги засега децата со дискалкулија и е фокусирана на истражувањето на невронските врски за процесирање броеви кај деца со развојна дискалкулија и интервенции за подобрување на нумеричкото разбирање. Денес Карин  работи како вонреден професор во Центарот за истражување со Магнетна резонанца во Универзитетската детска болница во Цирих.

Сподели го написот

Остави одговор