Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

Дислексија-кафе

Дислексија-кафе

 

Чикаго, август 2017,

Сигурно веќе многу лесно сте го нарачале вашето утринско кафе. Но, тоа не е така лесно за посетителите на кафе-барот „Heritage Outpost“, гостите се соочуваат со потешкотија да го прочитаат менито во кафе-барот.

Кафе-барот „Heritage Outpost“ во Чикаго, ги измени своите менија и сите натписи во самиот објект, со цел да им покаже на своите гости како е да се биде 1 помеѓу 10 Американци што се соочуваат со дислексија.

Најголем дел од луѓето не размислуваат двапати кога нарачуваат во кафе-бар, но за дислексичарите тоа е малку потешко, односно читањето на менито може да биде навистина тешко.

Овој настан е организиран во соработка со кафе-барот „Heritage Outpost“ и невладината организација „Everyone Reading Illinois“, кој работи на поле за подигнување на свеста за дислексијата.

Целта на дислексија-кафе е да им се овозможи неверојатно искуство на гостите да погледнат низ очите на дислексичарите и да се ослободат од сите заблуди што ги имаат за дислексичарите.

Исто така, во кафе-барот ќе се организираат стимулации за уште подобро да можат посетителите да разберат како е да се биде дислексичар.

Персоналот на кафе-барот на секој посетител кој ќе сака да го искуси ова искуство, му задава параграф кој е напишан на ист начин како што читаат дислексичарите, односно со измешани букви, букви што фалат и бесмислени зборови. Притоа секој посетител параграфот треба да го прочита гласно пред сите гости во најбрзо можно време.

 

Целта на оваа стимулација е посетителите да почувствуваат со какви фрустрации се соочуваат дислексичарите кога се обидуваат да читаат.

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>