Сподели го написот

Дислексија

Дислексијата низ светот

Дислексијата низ светот

ДИСЛЕКСИЈА ВО АНГЛИЈА

Првпат дислексијата е спомената во Англискиот медицински весник во 1896 година. Во тоа време, дислексијата била наведена како „Congenital word blindness“.

„The Word blind centre“ (Центар за слепило за зборови) бил основан во Лондон во 1965 година. Тоа е и првото здружение што се појавува во Англија. Подоцна се оформуваат „The Helen Arkell Dyslexia Centre“ во 1971 година, а потоа следува и Институтот за дислексија и Британската асоцијација за дислексија во 1972 година. Што се однесува до правната регулатива, дислексијата за првпат билa споменатa во 1970 година. Во 1993 година се определува како специјална образовна потреба во Образовниот закон. Во Актот за еднаквост во 2010 година.

Во Англија се предвидени законски регулативи за помош на лицата со дислексија.

За децата: Училиштата за децата со дислексија имаат специјални политики и програми за поддршка. Доколку кај некое дете се забележи одреден симптом, училиштето се залага за утврдување дали кај тоа дете постои некој вид потешкотија во учењето. Откако училиштето ќе ја утврди дијагнозата, се определува дали детето е во можност да продолжи со школување преку обичните методи. Доколку се утврди дека детето не може да продолжи со обичните методи на изучување, се поднесува барање за потреба од специјални начини на изучување на материјата. Овој документ е правно издржан и легален, и доколку барањето е одбиено, родителите имаат право да поднесат жалба.

Доколку на децата во основното образование не им била утврдена потешкотија во учењето, тоа ќе се направи во понатамошниот дел на нивното образование. Во овој дел дијагностицирањето се прави од овластен наставник или психолог што поседува соодветен сертификат, а ова се прави со цел студентите да можат да аплицираат за DISABLED STUDENT ALLOWANCE.

ДИСЛЕКСИЈА ВО ИТАЛИЈА

Зборот дислексија првпат се среќава во 1960 година. Во 1981 книгата „Mio Figlio non leggere“ од Пиро ја започнува објавата на стручна литература за дислексијата.

Првото здружение за дислексија во Италија е оформено во 1997 година, а голем број здруженија биле оформени во периодот од 2000 до 2010 година. Официјалните прифатени дефиниции за потешкотиите во учењето и дислексијата произлегуваат од конференцијата одржана во Рим, во јуни, 2011 година, каде било дефинирано дека потешкотии во учењето опфаќаат: дислексија, дисгагија, дисграфија и дискалкулија.

Во Италија постои правна регулатива. Првата правна регулатива е објавена во 2004  година, со што подоцна е надополнувана и имплементирана од Министерството за образование на Италија.

Во однос на дијагностицирањето е предвидено дека истото се врши од страна на националниот здравствен сервис каде што се врши по барање на семејството, а резултатите се доставуваат и до нив, и до училиштето. Онаму каде што не може да се изврши дијагностицирање  од оваа институција, тоа се врши од овластени лица.

Учениците на кои ќе им се дијагностицира потешкотија во учењето имаат право да користат специјални методи на изучување. Загарантирано на овие деца им е тоа дека имаат право да користат индивидуален план за едукација, флексибилност во училишната работа итн.

ДИСЛЕКСИЈАТА ВО ИНДИЈА

Здружението за дислексија – Мухараштра, е непрофитна организација која работи за обезбедување на правата на учениците, со цел подобро образование. Започнало со работа во 1996 година и е оформено од родители и професионалци.

Во Индија, исто така се предвидени и регулативи за олеснување на овие ученици, па така, за нив е предвидено: 25% повеќе време за тестови, усно испрашување, прашањата на учениците да им се читаат, користење калкулатор, правописните грешки и неправилно поставените реченици да се игнорираат. Оние што се во повисокото образование, добиваат 1 час плус од времето за тестови, дополнителни часови наместо втор јазик, читачи и пишувачи за време на тестови, 20 бода предност за некој предмет.

На факултет, на тест од 1 час, добиваат плус 15 минути, за тест од 2 часа добиваат плус 30 минути, дополнителни часови, пишувачи и читачи на тестовите, калкулатор, стартно имаат 20 бода за секој предмет, игнорирање грешки при пишување и неправилно поставени реченици.

 

Сподели го написот

Остави одговор