Сподели го написот

Занимливости

Дислексијата ќе не однесе на патување во вселената

Дислексијата ќе не однесе на патување во вселената

Бренсон бил еден од оние ученици што се соочувале со многу големи проблеми во текот на своето школување. Никогаш не ја добил потребната помош и поддршка од училиштето како ученик со дислексија, па така на 15 години го напушта училиштето. Но, неговиот креативен претприемачки дух, како и неговата самодоверба и способност за комуникација со останатите, го водат кон патот да го отвори списанието за млади – „YOUTH“ во 1966 година. Тој го користел списанието за рекламирање и продажба на аудио-записи. Потоа на улицата Оксфорд во Лондон отвора и своја продавница за аудио-плочи.

По успешноста на неговата продавница, тој отвора музичко студио и продуцентска куќа. Првиот изведувач на новата „Virgin Record Label“ е Мајк Олдфилд, кој со неговата песна постигнува неверојатен успех. Оттаму започнува и приказната на групацијата Virgin која денеска ја сочинуваат повеќе од 200 компании.

Бренсон се смета за еден од најуспешните бизнисмени во светот според Форбс, воедно неговата компанија Virgin Airlines е меѓу најуспешните авио-компании на Земјината топка.

Бренсон во 2013 година започна да се занимава со вселенски туризам. Преку неговата компанија Virgin Galactic набрзо луѓето ќе може безбедно да патуваат во вселената.

Ричард е голем поборник за правата на лицата со дислексија и силно се залага за подигнување на јавната свест во општеството за оваа состојба. Тој во мај, 2017 година, ја формираше и неговата фондација за дислексија – Made by Dyslexia.

Сподели го написот

Остави одговор