Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

Дислексијата не е поврзана со видот

Дислексијата не е поврзана со видот
Дислексијата како состојба не е поврзана со било какви проблеми со видот, велат најновите истражувања.

Тимови од универзитетите Бристол и Њу Касл направија различни тестирања на видот на повеќе од 5.800 деца и не успеаа да најдат разлики во видот кај децата кои се соочуваат со дислексија. Ова ја оспорува и  ефикасноноста на проѕирните фолии во боја за кои досега се сметше дека го олеснуваат процесот на читање за лицата со дислексија.

Ко-авторката на извештајот од истражувањето, Александра Креавин, изјави дека е “малку вреојатно”  видот да биде причина за ваквите проблеми со читањето.

Студијата се заснова на долгорочно истражување во областа Бристол, која го следи здравјето на повеќе од  14.000 деца од 1990-тите. Околу 3% од децата имаат тешка форма на дислексија. Затоа, истражувачите направија детално тестирање и преглед на видот кај 5.822 деца, вклучувајќи деца кои имаат дислексија и деца кои немаат дислексија.

“Совршен вид”


Истражувањето покажа дека не постои разлика помеѓу децата со дислексија и децата кои немаат дислексија кога станува збор за проблеми со видот како што се далекувидост, кратковидост и потешкотии со фокусот.

“Некои експерти сметаат дека нарушувањата на видот можат да бидат поврзани со дислексијата  и треба да бидат третирани. Сепак, резултатите од нашата студија покажуваат дека поголемиот дел од децата кои се соочуваат со дислексија имаат целосно нормален вид, како што покажаа тестовите кои ги користевме. За голем број од децата со дислексија беше кажано дека имаат “совршен вид””, вели Кејти Вилијамс, главен автор и педијатриски офталмолог.

Ова истражување поттикна сомнеж за ефикаснста на алатките за помош при читање, како што се проѕирните фолии во различни бои со кои се покрива текстот со цел промена на бојата на позадината при читање.

Д-р Креавин, од Универзитетот во Бристол, вели дека истражувањето ја истакнало потребата од докажано и јасно насочување на родителите за тоа што навистина би можело да помогне кога станува збор за потешкотии при читање предизвикани од дислексија кај нивните деца. Д-р Вилијамс вели дека ова истражување не бара нови возможни причини за појава на дислексијата, туку едноставно претставува истражување кое истражува дали дислексијата е воопшто поврзана со видот кај децата.

Обоени филтри


Брус Еванс, директор за истражување на Институтот за оптидометрија, вели: „Голем штета е што при толкувањето на нивните резултати, авторите се чини дека разгледуваат само две опции: или дека визуелните проблеми предизвикуваат нарушување во читањето или дека  воошто не се поврзани со потепкотиите во читањето.”

Ваквите екстремни ставови беа популарни во 70-тите години на минатиот век, но во денешно време повеќето експерти признаваат дека децата кои имаат потешкотии во учењето треба да имаат сензорни фактори кои се отфрлени како можни фактори (на пример, тестови за вид и слух) и исто така да добијат стручна едукативна поддршка што е главната основа за помош на децата кои се соочуваат со потешкотии во читањето. Вештините за читање се мулти-факторски и затоа треба да се залагаме за мултидисциплинарен пристап за помош на децата со потешкотии во читањето“, рече проф Еванс.

Џон Рек, одговорен за образование и образовни политики во организацијата Дислексија Екшн, ги подржува резултатите добиени од истражувањето.

Сепак целата конфузија доаѓа од фактот дека голем број на лица кои имаат дислексија согледуваат разлика кога читаат со помош на проѕирна обоена фолија бидејќи го гледаат текстот многу појасно и почисто. Но, исто така и лицата кои не се соочуваат со дислексија ги согледуваат истите придобивки од нив.” вели д-р Рек.

Кејт Саундерс, главен извршен директор на британското здружение за дислексија, вели дека „некои деца и возрасни имаат придобивки од користењето на обоените филтри”.


  • Овој текст е преземен од порталот bbc.com.

Сподели го написот