Сподели го написот

Дислексија / Занимливости

DYSLEXIE – фонт што им помага на дислексичарите

DYSLEXIE – фонт што им помага на дислексичарите

Кристиан Боер создаде посебен фонт што им помага во читањето на лицата со дислексија. Фонтот може и бесплатно да се преземе на Интернет и на многу дислексичари им има помогнато.

Ние луѓето што имаме дислексија, кога читаме, буквите во нашиот ум несвесно се превртуваат, ги гледаме обратно, односно одразително, а многу често знаат да исчезнат, или пак, да „играат“ низ страниците. Традиционалните фонтови уште повеќе ја влошуваат ситуацијата, бидејќи дизајнот на поединечните букви се потпира на останатите, но и многу често фонтовите се направени од естетски причини. Дислексичарите таквите букви ги гледаат исто и навистина тоа им претставува проблем во читањето. Вака Боер ја започнува својата дислексична приказна.

Тој се бори со дислексијата целиот свој живот. Како дипломски труд на ликовната академија во Утрехт создал нов адекватен фонт за дислексичари и го нарекол DYSLEXIE. Се решил на овој чекор поради испит што не можел долго време да го положи, а премногу учел за него.

Неговиот фонт набрзо станува хит во светот, особено помеѓу оние што имаат потешкотии во читањето и пишувањето. За својот дипломски труд добил многу награди.

Која е специфичноста на овој фонт кој веќе одушеви многу луѓе и им помогна во секојдневната борба со буквите на листовите и екраните?

За почеток, секоја буква е индивидуализирана. Односно Боер направил минимални измени во дизајнот на секоја буква со што ги направил попрепознатливи. Целта е да се смали сличноста на некои зборови, како што се „б“ и „д“ или „н“ и „х“ (на латинично писмо). Тој работел на зголемување на асиметријата, смалување на тежината на некои букви, на продолжување на цртичките на самите букви, поголема заобленост и слично.

Па така, кај DYSLEXIE фонтот буквите „б“ и „д“ не се свртени одразително, туку и двете имаат индивидуални специфичности. Исто така, зголемено е и растојанието меѓу буквите, но и меѓу самите зборови, со што полесно би се препознале.

Боер исто така тврди дека најдобра боја за овој фонт е темносината, бидејќи е најпријатна за очите во текот на читањето.  Освен што овој фонт можете да го преземете бесплатно, тој може да се користи во сите програми каде што има пишување, но може да се инсталира и на вашата е-пошта и Интернет-пребарувач.

DYSLEXIE го користат многу истражувачи, на повеќе универзитети, со цел да го испитаат влијанието на овој фонт врз подобрувањето на читањето и препознавањето на зборовите кај дислексичарите.

За жал, овој фонт не е достапен за кирилското писмо, но се надеваме дека за брзо време тој ќе биде создаден и достапен и на кирилица.

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>