Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

Следете го во живо најголемиот глобален самит за дислексија

Следете го во живо најголемиот глобален самит за дислексија
Настан: Глобален самит за дислексија
Организатор:  Фондација Made by dyslexia
Датум:  14.10.2019
Почеток: 19:00 часот / следете го самитот во живо на facebook (кликни тука)

Втора година по ред фондацијата Made by dyslexia го организира најголемиот светски самит посветен на дислексијата.
Оваа година организаторите на самитот на едно место ќе ги соберат едни од најуспешните дислексичари на денешницата се со цел подобрување на образовните услови и подобрување на условите за вработување на лицата кои се соочуваат со дислексија.
Made by dyslexia за сите заинтересирани лица ќе врши директен пренос преку facebook live stream.
На самитот свое учество ќе земат голем број светски познати личности, вип лица и бизнис лидери кои ќе учествуваат на панел дискусиите или ќе се вклучат на самиот настан виртуелно. Настанот ќе биде отворен од страна на Британскиот државен секретар за здравство и социјална грижа г-дин Мет Хокинг кој самиот е дислексичар. Домаќин на настанот ќе биде познатата водителка на CNN Робин Курноу, а самитот ќе го затвори еден од најбрилијантните дислексични умови на денешницата Господинот Ричард Бренсон.

Низ историјата способноста на лицата со дислексија да размислуваат на различен начин, со целосно право ги има направено да бидат носители на промени во светски рамки. Започнувајќи од првиот телефон направен од Александар Грахам Бел, па се до креирањето на Ајфонот од страна на Стив Џобс, од првиот авион создаден од браќата Врајт се со Виргин Спејс креиран од Ричард Бреносн. Токму овие дислксични умови го имаат променето светот во кој денеска живееме.
Токму овогодинешниот самит ќе биде посветен на минатите, сегашните и идните носители на промени како резултат на нивната дислексија. Самитот е поддржан од голем број на светски гиганти како GCHQ, Virgin Galactic и Microsoft кои ја препознаваат важноста и потребата да се создаде општество кое ќе биде наклонето кон лицата со дислексија се со цел предизвикување на се поголеми општествени промени.

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>