Сподели го написот

Занимливости / Избрани текстови

Во хеликоптерска несреќа загина најдобриот дислексичен кошаркар Коби Брајант

Во хеликоптерска несреќа загина најдобриот дислексичен кошаркар Коби Брајант

НБА легендата, Коби Брајант кој се соочувал со дислексија загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија на 26-ти јануари во 9.47 часот наутро.

Брајант и неговата 13 годишна ќерка биле двајца од петте патници во неговиот приватен хеликоптер кој летал над Калабасас, кога во хеликоптерот избил оган, јави американскиот портал „ТМЗ Спортс“.

41-годишниот Брајант две децении беше прва ѕвезда на НБА лигата со Лос Анџелес лејкерс, освојувајќи пет шампионски прстени пред да се повлече во 2016 година.

Коби Брајант беше многу нешта: еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката, петкратен НБА-првак, освојувач на златни олимписки медали, човек кој се соочуваше со дислексија, човек кој течно говореше повеќе јазици, граѓанин на светот, добитник на Оскар, само-опишана Црна Мамба, беше толку добар што ЛА Лејкерс заедно со него во пензија испратија и два негови броја.

Брајант е еден од многуте успешни луѓе кои се соочувале со дислексија целиот свој живот, неговиот наставник за прв пат ги забележал дислексичните проблеми кај него уште во основно училиште по што ја известил неговата мајка. За семејството на Брајант оваа информација претставувала шок пред се поради фактот што немале доволно информации што значи кога некое дете се соочува со дислексија. Коби се соочува со сериозни тешкотии во пишувањето и читањето, и во едно интервју изјавил дека бројките и буквите за него преставувале само имагинација, бројот 734 често го гледал 347 дури и како 473, а буквите пак постојано го менувале својот редослед во зборовите. Тој за себе велел дека токму гневот и фрустрациите кои произлегувале од неговата дислексија, му помогнале да му докаже на светот дека и како лице со дислексија може да биде еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

Сподели го написот