Сподели го написот

Дислексија / Избрани текстови

Тинејџер со непрепознаена дислексија

Тинејџер со непрепознаена дислексија

Честопати бистрите деца се способни да компензираат во нивната дислексија во раните училишни години, но потешко можат да се справат со поголемите интелектуални барања од средното образование.

Знаци според кои може да се утврди дислексијата кај тинејџерите:

– Средношколецот што има дислексија, постојано го повторува материјалот за читање повеќе пати, сè додека не го разбере целосно;

– Тинејџерите со дислексија имаат голема тешкотија со управувањето и следењето на домашните задачи, како и со зададените рокови за одредени задачи;

– Дислексичарите најчесто не се свесни за задачите и обврските, затоа што неговите наставници „никогаш не им го кажале“ она што е потребно да се заврши;

– Неретко се случува овие ученици да имаат тешкотии во учењето странски јазици. Оваа потешкотија се однесува на пишувањето и читањето, но поретко на зборувањето странски јазик;

– Многу често имаат проблеми со математиката, особено со делот алгебра;

Некои личности кои имаат дислексија текстовите може да ги гледаат на ваков начин

– Постои значителна разлика помеѓу перформансите кои ги покажуваат на училиште и она што вистински го знаат.

Доколку кај вас пронаоѓате поголем дел од горенаведените знаци, тоа е знак дека најверојатно имате недијагностицирана потешкотија со учењето. Доколку се соочувате со вакви проблеми, најкорисно би било, пред сè, да разговарате со вашите родители. Секако, или вие самите, или вашите родители треба да ги известат наставниците за вашите проблеми. Понекогаш проблемот со часот по математика или, пак, часот по странски јазик може да биде резултат на недоволно квалификуван професор или наставник. Слабите оцени по кој било предмет, исто така, може да се појават доколку наставникот има строг систем на оценување. Ако е таков проблемот, многу брзо ќе се покаже кај повеќето од учениците. Меѓутоа, ако проблемите изгледаат невообичаени и постојани, најдобро би било да побарате проценка за дислексија.

Таков вид тестирање е неопходно да се побара за да се помогне најбрзо што може во планирање на учењето и распоредот за понатамошните обврски.

Сподели го написот

Остави одговор