Сподели го написот

Занимливости

Повик за истражување

Повик за истражување

 

Почитувани,

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во партнерство со Филозофскиот факултет Скопје и компанијата Emit Knowledge го спроведува проектот насловен “Асистивна технологија за дислексија” финансиран од Европската Унија, во период од Октомври 2018 година до мај 2019 година. Целта на проектот е овозможување на пристапна асистивна технологија за лицата со дислексија, преку креирање на дислексик плаг-ин додавка за пребарувачот “Google Chrome”. Со остварувањето на целта на овој проект, ќе се овозможи бесплатен пристап до ново креираната асистивна технологија за дислексија, односно пристап до првиот кирилски фонт за дислексија “DyslexicFZF”.

За да ја оствариме целта на проектот, проектниот тим во соработка со Филозофскиот факултет Скопје спроведува истражување за утврдување на ефикасноста на првиот кирилски фонт за дислексија “DyslexicFZF”.  За спроведување на ова истражување ни се потребни 40 лица со дислексија, од најразлични возрасти, кои ќе ни помогнат заедно да ги поставиме темелите на асистивната технологија за дислексија во нашата држава.

Ајде сите заедно да креираме инклузивно општество за лицата со дислексија и да им овозможиме пристапна асистивна технологија.

Ве замолуваме да одвоите дел од вашето време и да дадете свој придонес во креирањето на новата асистивна технологија за дислексија, преку доброволно учество во планираното истражување.

Истражувањето ќе го прилагодиме според вашето слободно време, а истото ќе се спроведува до крајот на месец февруари, во просториите на Филозофскиот факултет- Скопје. Сите заинтересирани родители и лица со дислексија може да го пријават своето учество преку пополнување на образецот на следниов линк:

https://goo.gl/forms/SUV7AKGLD6DSgysu2

За подетални информации може да не контактирате на: +389 75 333 817 или на d.nikolovska@disleksija.org.mk

Ви благодариме!

 

                                                                                                                                        

Проектот Асистивна технологија за дислексија е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од ЕУ, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика   

Сподели го написот

Остави одговор