Сподели го написот

Активности / Избрани текстови / Линк

Повик за бесплатен тренинг – курс за дислексија “Life Upside Down”

Повик за бесплатен тренинг – курс за дислексија “Life Upside Down”

Здружението за дислексија АЈНШТАЈН, во рамки на проектот “Младонска информираност за дислексија” финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за учество на 80 студенти кои што ќе учествуваат на бесплатен интерактивен тренинг за препознавање на дислексијата, методите за нејзина корекција и ефектите кои таа ги има врз психичкото здравје кај лицата кои се соочуваат со дислексија. Тренинзите ќе се спороведуваат во период од 2 месеци, односно од почетокот на месец март до крајот на месец април 2020 година.

Кој може да се пријави?

На претстојниот курс-тренинг може да се пријават сите студенти на возраст од 18 до 27 години од следните факултети:

  • Филозофски факултет- Скопје (УКИМ)
  • Педагошки факултет “Св. Климент Охридски” – УКИМ
  • Медицински факултет – УКИМ
  • Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ

Што ќе добијат селектираните учесници од тренингот?

  1. Студентите ќе се стекнат со нови знаења и вештини за препознавање на дислексијата.
  2. Стекнување на нови знаења во однос на позитивните и негативните ефекти од дислексијата.
  3. Можност да се стекнат со практични совети и алатки како да креираат успешни кампањи се со цел јакнење на свеста за дислексијата.
  4. Можност за креирање на предлог политики до властите за воведување на инклузивни образовни услови за учениците со дислексија.
  5. Запознавање со практиките за застапување на правата на лицата со дислексија.
  6. Можност да се запознаат со методите за корекција на дислексијата, вклучувајќи ги и оние кои сеуште не се достапни во нашата земја.
  7. Можност за учество на конференција и споделување на искуствата и стекнатите знаења од тренинзите.
  8. Сертификат за успешно завршен тренинг.

Како да се пријавам?

Заинтересираните млади лица потребно е да го пополнат образецот за пријавување даден на линкот подолу и да го поднесат најдоцна до 21 февруари 2020 година до 17:00 часот. Селекцијата на учесниците кои што ќе поднесат пријави ќе биде извршена од страна на тимот на Здружението Ајнштајн најдоцна до 28 февруари 2020 година.

За линкот до образецот за пријавување кликнете на следниот линк: 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfj1NN6M3ozJJDDHBxGfHDPe-KTUyCVJZcC6idxkn6I9V5Xgw/viewform

Сите прашања кои се однесуваат на повикот може да се постават на следнава е-маил адреса: d.nikolovska@disleksija.org.mk или на телефонскиот број 075/333-817

  eu_flag-2015    Овој проект е финансиран од Европската Унија

Сподели го написот