Сподели го написот

Активности / Избрани текстови

Процена и стратеги за работа со ученици со дислексија, дскалкулја, дисгафија и диспраксија

Процена и стратеги за работа со ученици со дислексија, дскалкулја, дисгафија и диспраксија

Како повторно да актуелизираме стари и да поставиме нови прашања, како да дојдеме до одговори корисни за наставниците, стручните работници, родителите, истражувачите и за сите оние кои бараат инструментариум и практични методи за препознавање и надминување на тешкотиите со читањето, пишувањето и математиката? Како да ја зголемиме сигурноста, самодовербата и чувството за успех и напредок кај учениците?

Потрагата по одговори на овие прашања обедини авторски тим кој се обиде да даде прилог во зајакнувањето на свесноста за сите релевантни аспекти на анализираните прашања, но и на страниците на оваа книга да понуди конкретни методи за проверка, како и практични вежби за поттикнување на развојот на позитивни когнитивни модели кај ученикот кои ќе помогнат да ги надмине тешкотиите во читањето, пишувањето, координацијата и математиката.

Сето ова и многу повеќе може да дознаете од книгата “Процена и стратегии за работа со учениците со дислексија, дискалкулија, дисграфија и диспраксија”во авторство на Проф.д-р Александра Каровска Ристовска, Проф. д-р Горан Ајдински, Проф.д-р Орхидеја Шурбановска и Проф.д-р Љубица Кардалеска.

Книгата може да ја набавите преку Здружението за дислексија Ајнштајн по цена од 500 денари со достава до вашата адреса, за повеќе информации може да се обратите на contact@disleksija.org.mk или на телефонскиот број 078296885.

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>