Сподели го написот

Tехники за самопомош

Што е самодоверба?

Што е самодоверба?

Самодовербата е особина која е од голема важност за секој човек. Позитивната самодоверба влијае на сигурноста и на мотивацијата во учењето.  За жал, особено учениците со дислексија се во ризик за слаб развој на самодовербата. Тие често се чувствуваат различни кога се споредуваат со останатите ученици, и исто така доживуваат многу фрустрации кои често се предизвикани од дислексијата. На пример, не им е лесно да ја задржат самодовербата не заборавајќи дека тие се побавни во зборувањето и реагирањето од другите. Ова може да се манифестира кај децата со дислексија – како дома, така и на училиште. Ако ученикот доживее успех во училиштето, ќе развие позитивни чувства за самиот себе и верба дека може да успее во животот. Но, доколку доживее неуспех и фрустрација, учи да биде инфериорно во односот со другите. Наместо чувството на сила и продуктивност, тие мислат дека средината ги контролира. Имаат чувство дека немаат сила и дека не се компетентни.

Истражувачите утврдиле дека учениците што немаат тешкотии, по постигнатиот успех добиваат дополнителна мотивација за успех. А, кога нема да успеат, си кажуваат сами на себе дека треба уште повеќе да се трудат. Меѓутоа, кога ученик со дислексија ќе успее во тоа, својот успех го припишува на среќата. А, кога нема да успее, едноставно се смета за глупав. Истражувањата покажале дека ова чувство на инфериорност се развива до 10-тата година.

Постои поврзаност помеѓу вештините за читање и самодовербата, но сепак, ученикот со висока самодоверба вообичаено е подобро во училишната работа, отколку она со ниска самодоверба. Односот помеѓу самодовербата и училишната работа е реципрочен; ниската самодоверба влијае на училишната работа (постигнувања), но, од друга страна, слабите постигнувања влијаат на самодовербата.

Високата самодоверба исто така е поврзана со емоционалното приспособување и физичкото здравје на ученикот. Ова е причината заради која е значајно учениците со дислексија да се идентификуваат рано и да им се даде соодветна помош.

Сподели го написот

Остави одговор