Сподели го написот

Избрани текстови / Познати личности

Преку режирање филмови, Спилберг ги надминува проблемите со дислексијата

Преку режирање филмови, Спилберг ги надминува проблемите со дислексијата

Кога ќе помислиме на успешни режисери од Холивуд, сигурно меѓу првите ќе се сетиме на Стивен Спилберг. Поголемиот дел од луѓето, дури и неговите најверни фанови, никогаш не би помислиле дека еден од најпознатите режисери во светот се соочува со дислексија целиот свој живот. Уште поинтересен факт е тоа што Спилберг до поодминатите години воопшто не бил свесен за својата дислексија, ниту пак, му била откриена. Но, Стивен не дозволил дислексијата да застане на патот до остварувањето на неговите соништа.

На Спилберг дислексијата му била откриена дури на 60-годишна возраст. Кога му била откриена, тој изјавил: „Сега конечно го пронајдов и последното парче од мозаикот на мојот живот што досега никогаш го немав пронајдено.“ Тој отворено зборува за тоа како не бил способен да чита и секогаш читал многу полошо од останатите ученици.

Во 50-тите години на минатиот век, кога Спилберг бил ученик, дислексијата била многу малку позната во светот како состојба. Токму поради проблемите со читањето и учењето, многу често бил мета на потсмев и малтретирање од страна на своите соученици. Дури и неговите наставници не го препознале неговиот проблем. Тие први го етикетирале како слаб ученик кој едноставно е премногу мрзелив и нема можности за совладување на училишниот материјал.

Проблемите со читањето и учењето ги надминува со тоа што се пронаоѓа себеси во филмските води. Животот на Стивен очигледно не бил лесен, но тој никогаш се нема изјаснето дека е жртва на дислексијата, туку напротив, ги има искористено предностите на дислексијата за да биде тоа што е во животот. Интересно е тоа што својата животна приказна ја има пресликано во својот филм The Goonies каде што една група ученици никако не може да се вклопи и да се приспособи кон останатите.

Сподели го написот

Остави одговор