Сподели го написот

Диспраксија

ШТО Е ДИСПРАКСИЈА

ШТО Е ДИСПРАКСИЈА

Диспраксијата не е знак на мускулна слабост или ниска интелигенција. Тоа е специфична состојба  на мозок која го отежнува планирањето и координирањето на физичкото движење. Лицата со диспраксија имаат тешкотија одржуваат рамнотежа и тешкотија да одржат правилно држење на телото. За опкружувањето тие изгледаат  несмасни или “не синхронизирани” . За диспраксијата често може да се сретне и изразот “ неспретна дислексија“.

Инаку за диспраксија може да се сретнат многу имиња: нарушување на координацијата во развојот, потешкотии во  учење на моторички вештини, тешкотии во моторичкото  планирање или апраксија на говорот. Диспраксијата  може да влијае на развојот на груби моторички  вештини како одење, трчање или скокање. Таа, исто така може да влијае на фини моторни вештини. Тие вклучуваат работи како што се  движењата со дланките и прстите кои се  потребни за јасно да се пишуваат јазичните симболи односно букви, броеви и други симболи кои се употребуваат во пишаниот јазик. Може да бидат погодени и вештините за  движењата на устата и јазикот потребни за правилно изговарање на зборовите.

Диспраксијата може да влијае и врз социјалните вештини. На помала возраст лицата со диспраксија може да се однесуваат незрело, иако тие обично имаат просечна или натпросечна интелигенција.

Децата не ја надминуваат диспраксијата.  Професионалната терапија,  терапија со спорт и физички вежби, говорна  терапија и други алатки и стратегии можат да помогнат за подобрување на состојбата . Со споменатиите терапии лицата со диспраксија  можат да ги олеснат своите тешкотии и да се надградуваат во областите кои ги интересираат.

Сподели го написот

Остави одговор