Сподели го написот

Дисграфија

ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА ДИСГРАФИЈАТА?

ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА ДИСГРАФИЈАТА?

Експертите сè уште не се сигурни што ја предизвикува дисграфијата и воопшто проблемите со писменото изразување. Разбиливо е дека мозокот ги зема информациите преку сетилата и го складира за подоцна. Пред да се почне со пишување, мозокот добива информации од неговата краткорочна или долгорочна меморија и се организира за да започне да пишува.

Експертите веруваат дека процесот на пишување се одвива најнапред со организирање на информациите зачувани во меморијата и потоа формирање зборови со пишување на хартија. Истиот процес се одвива и кај лицата со дисграфија. Разликата е во тоа што резултатот од нивното пишување е писмен производ кој тешко може да се прочита и е полн со грешки. Напишаниот текст, исто така,  не го отсликува она што сакал да го каже тој што пишувал доволно јасно. Затоа се вели дека на лицата со дисграфија им претставува тешкотија да го напишат она што го мислат.

Работната или краткотрајната меморија исто така може да игра улога во дисграфијата. Детето може да има проблеми со она што се нарекува „ортографско кодирање“. Ова е способноста за складирање непознати пишани зборови во работната меморија.  Како резултат на тоа, може да има тешкотии да се сети како се пишува некоја буква или збор.

Се претпоставува дека дисграфијата може да има генетско потекло и дека таа може да биде застапена и кај други членови во потесното или поширокото семејство.

Сподели го написот

Остави одговор