Сподели го написот

Tехники за самопомош / Избрани текстови

Стратегии за полесно пишување

Стратегии за полесно пишување

Пишувањето е неизбежен дел од секојдневниот живот на секој човек. Прашањето е: колку од вас ќе биде барано да пишувате во текот на работата. Во претходната статија пишувавме за читачките стратегии и како тие може да ви помогнат во текот на образованието. Во оваа статија ќе се осврнеме на стратегиите за пишување.

  1. Стратегија на организирање на мислите

Пишувањето извештај од вас бара мултитаскинг, нешто во што голем број од дислексичарите имаат проблем. Не само што мислите мора да ги пренесете на хартија, туку тука се бара почитување граматика, интерпункција и разбирлив ракопис. За да го избегнете хаосот кој најверојатно ќе се случи во текот на пишувањето, потребно е пред да започнете со пишување, да се организирате и да направите план.

  1. Знам што сакам да кажам

Можеби звучи очигледно и јасно, но нека ви биде кристално јасна пораката што сакате да ја пренесете во пишана форма. За пишување писмо, најверојатно има една порака што треба да се пренесе. Кога станува збор за пишување обемен текст, имате повеќе пораки што треба да ги пренесете. Токму затоа поделете ги мислите во што помали и помали делови, а потоа на секој мал дел дајте му цел и започнете со пишување дел по дел.

  1. Размислете заглавните идеи

Направете листа од главните поенти/точки што сакате да ги пренесете. Нумерирајте ги според важноста, и така нумерирани користете ги за да го напишете документот.

Секогаш кога тоа е возможно, користете тивко место за работа, со цел да не ја изгубите концентрацијата и фокусот од останатите звуци што ви пречат.

  1. Стратегија за прибирање забелешки од часовите

Прибирањето забелешки знае многу често да биде вистински предизвик. Треба да комбинирате слушање, разбирање и пишување. Најубаво би било на часот да побарате дозвола од професорот за да го снимате часот со помош на вашиот телефон. Ова е уште еден од начините каде што паметните телефони може да помогнат.

Бидејќи дислексичарите во најголем дел имаат проблем со брзината на пишување, веројатно нема да успеете да запишете сè што е кажано. Корисен совет би било да ги запишувате само клучните поими, односно поимот што ќе ве асоцира на кажаната работа. Со цел да не се изгубите во низата од напишани поими, веднаш по часот седнете и за секој поим напишете краток параграф додека меморијата од часот е сè уште свежа и јасна.

  1. Стратегија – Корнел-метод за прибирање забелешки

Доколку не ви дозволат да го снимите часот, што не би било чудно, или доколку не сте во можност да користите асистивна технологија, обидете се со Корнел-методот на фаќање прибелешки.

Поделете ја страницата на три дела: тесна колона од левата страна на страницата, широка колона од десната страна и едно поле на дното на страницата.

Идејата е да се направи најголемиот дел од белешките да се запишат во широката колона, односно на десната  страна. Сите тригер или нејасни зборови да се запишат на левата страна. Кога двете колони ќе се наполнат, од веќе напишаното во колоните составете кратко резиме на долниот дел од страницата.

Овој метод помага за полесно користење на забелешките понатаму. Нема да мора целосно да ги препрочитувате сите забелешки за да ја најдете главната работа или поента, туку, едноставно, ќе го погледнете само краткото резиме.

Сподели го написот

Остави одговор