методи за корекција

ШТО ЧУВСТВУВААТ ЛИЦАТА СО ДИСЛЕКСИЈА?

Анксиозност – Анксиозноста е најчест емоционален симптом кој се сретнува кај лицата со дислексија. Лицата што се емоционално вознемирени од нивниот неуспех, ги попречува во можноста да мислат јасно. Учениците со дислексија се многу поподложни да ја искусат анксиозноста многу потешко. Ова произлегува од процесот познат како условување. Тој е еден воспоставен психолошки феномен, според кој, две појави обично се случуваат заедно. Појавата на едниот од нив е насочена да го потсети човекот на другото. Според тоа, дислексичните ученици секогаш се наоѓаат во ситуации кога тие имаат претходен неуспех и не го забораваат тоа, па затоа и реагираат со анксиозност.   Гнев (лутење) – Гневот е честа појава кај лицата со дислексија. Гневот се јавува како последица на фрустрациите во училиштата и соци...

Методот на Рон Дејвис

Методот на Рон Дејвис е еден од најпознатите и најефикасните методи за корекција на дислексија, дискалкулија и дисграфија. Достапен е во Македонија преку лиценциран тренер, кој е обучен за работа со деца и возрасни што имаат поинаков стил на размислување и учење. Според овој метод, во коренот на дислексијата, недостигот на внимание и на многу други проблеми поврзани со учењето лежи уникатен и креативен стил на размислување, кој навистина претставува дарба. Лицата со дислексија доминантно размислуваат на сликовит начин, мислат и гледаат мултидимензионално, со цел да креираат, да разрешуваат проблеми и да ја елиминираат збунетоста. За дислексијата се вели дека е дарба  поради општите заеднички карактеристики на сите дислексичари. Креативноста, љубопитноста, имагинацијата, интуицијата и слико...

АФС Метод

АФС-методот е педагошко-дидактички тренинг и метод за поддршка на луѓето со дислексија и дискалкулија. АФС-методот е развиен базирајќи се на фактот дека лицата со дислексија и дискалкулија покажуваат различен начин на процесирање на информациите – што е очигледно од начинот на кој го учат пишувањето, читањето и сметањето, односно имаат различна способност за учење. Овој специјализиран метод е дизајниран за да даде индивидуална поддршка со намера да се опише и структурира педагошко-дидактичката активност за да се придонесе за негова поголема професионалност во примената. АФС методот става силен акцент на мултисензорното учење. Тренингот со АФС-методот вклучува три основни приоритети за помош, кои се мерат: А: Внимание (грешки на сознание) Различниот степен на внимание; Децата не ги совладув...