Сподели го написот

Дислексија / Избрани текстови

УМОТ НА ЕДЕН ДИСЛЕКСИЧАР – ДЕЛ 2

УМОТ НА ЕДЕН ДИСЛЕКСИЧАР – ДЕЛ 2
  • Размислуваат со слики наместо со зборови

Без никакво изненадување, имаат тенденција да имаат високоразвиена визуелизација на нештата, па ја користат оваа визуелна помош за да ги планираат и организираат нивните животи. Едноставно животот го гледаат низ слики.

  • Секогаш ќе имаат дислексија

Тие можат да научат да читаат и да пишуваат, меѓутоа секогаш ќе имаат дислексија. За да им се олесни животот, започнати се процеси на изработка на посебен фонт и речник каде што фонтот ќе биде дизајниран да се избегне каква било конфузија и да се добие поголема прегледност, додека пак, во речникот ќе се даде особено внимание на значењето на зборовите наместо на нивниот редослед во буквите.

  • Тие го користат мозокот различно

Нивниот мозок помалку ја користи левата хемисфера, која е задолжена за делот со читање, и мостот составен од ткиво, кој ја поврзува едната страна на мозокот со другата, така што нивниот мозок не секогаш ги испраќа информациите на вистинското место за процесирање. Дислексичарите најчесто имаат поразвиена десна хемисфера, односно делот што е задолжен за креативноста.

  • Најверојатно е наследна

Дислексијата најчесто е наследна и повеќето дислексичари имаат тетка, чичко или родител со дислексија.

  • Најчесто имаат ниска самодоверба

Луѓето со дислексија најчесто имаат натпросечно ниво на интелигенција, но тие се, исто така, свесни дека останатите луѓе знаат да читаат и да пишуваат далеку подобро од нив, па затоа неретко се чувствуваат глупаво споредено со другите.

Како што рекол Ајнштајн:

„Сите се генијалци. Меѓутоа, ако ѝ судиш на една риба според нејзината способност да се искачи на дрво, таа цел живот ќе мисли дека е глупава.“

  • Покажуваат различни знаци

Дислексијата е малку специфична проблематика, бидејќи никогаш двајца дислексичари нема да ги имаат потполно истите симптоми. Некои губат работи или имаат слаби организациски способности; други се бавни при читање или имаат слаби вештини при разбирање; трета група имаат потешкотија при организирање на идеите за составување некој текст, или пак, имаат тешкотија при процесирање на аудитивни информации; сосема други – имаат проблем при поделба на деновите во седмицата или месеците во годината.

  • Имаат одлични вештини

Дислексичарите многу често се доста добри во проценка на другите луѓе и имаат фантастична меморија на која се потпираат доста често. Знаат да бидат многу добри оратори и да имаат талент за проценка на простор (како што се архитекти, инженери, артисти и др.). Имаат високо ниво на интелигенција и интуиција, како и бујна фантазија.

  • Знаат да бидат неверојатно успешни

Оваа успешност произлегува токму од дислексијата. Во дел од познати личности со дислексија спаѓаат Вупи Голдберг, Џеј Лено, Шер, Стив Џобс, Леонардо да Винчи, Томи Хилфигер, Пабло Пикасо и многу други.

  • Можат да го променат светот

Луѓето со дислексија можат и го имаат променето светот во кој живееме. Дислексичари како Џорџ Вашингтон, Хенри Форд и Стивен Спилберг го имаат променето и сè уште го менуваат овој свет.

Овие луѓе се љубезни, креативни и високоинтелигентни суштества кои се исфрустрирани од своите неспособности исто како и ние, меѓутоа не можат да „земат здив“ од начинот на кој работи нивниот мозок. Наместо тоа, бараат поддршка од нивните најблиски за да им помогнат да го разберат светот и да функционираат во тој свет што не е приспособен на нивните потреби.

Да, понекогаш знаат да бидат тешки за сакање, но тие имаат дарба која е неверојатна, уникатна и може да го промени светот.

Со ваша помош, можеби личноста што ја сакате, ќе донесе промена од светски размери!

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>