Сподели го написот

Избрани текстови

Запиши се на втор циклус студии за СПЕЦИФИЧНИ ТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО на Филозофскиот Факултет Скопје

Запиши се на втор циклус студии за СПЕЦИФИЧНИ ТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО на Филозофскиот Факултет Скопје

За прв пат во нашата држава од оваа учебна година, на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет, со реализација отпочнуваат последипломски студии  во областа на Специфичните тешкотии во учењето. Академскиот назив со кој се стекнува студентот по завршувањето на студиите е Магистер по специјална едукација и рехабилитација – специфични тешкотии во учењето. Модерната студиската програма соодветствува на британските и американските студиски програми во оваа област.

Студентите ќе се стекнат со компетенции поврзани со специфичните тешкотии во учењето – дислексија, дисграфија, диспраксија и дискалкулија, вештини за процена на специфичните тешкотии во учењето како и дополнителни знаења за тешкотии во учењето кај ученици со бихејвиорални проблеми. Преку изборните предмети, студентите ќе може да ги надградат своите компетенции, знаења и вештини во областа на психологијата на деца со специфични тешкотии во учењето, лингвистичките аспекти на дислексијата, инклузивниот курикулум за учениците со специфични тешкотии во учењето, современи трендови во окупационата терапија и.т.н.

Уписите за вториот циклус студии започнуваат од 10-ти септември и траат до 25-ти септември.

Сите дополнителни информации може да ги добиете од студиската програма која може да ја преземете ТУКА.

Филозофскиот факултет ве очекува.

Сподели го написот

Остави одговор