Сподели го написот

Дислексија / Избрани текстови

Заеднички карактеристики на дислексичарите според Рон Дејвис

Заеднички карактеристики на дислексичарите според Рон Дејвис

Според методот на Рон Дејвис, дислексичарите ќе покажуваат барем 10 од следниве карактеристики и однесувања. Овие карактеристики може да се разликуваат од ден за ден или од минута до минута. Постојано нешто за дислексичарите е нивната непостојаност.

Општи карактеристики

  • Изгледаат бистри, високоинтелигентни, и артикулирани, но не можат да читаат, пишуваат, или да читаат и пишуваат несоодветно за возраста;
  • Етикетирани се како мрзливи, незаинтересирани, безгрижни, незрели, „не се труди доволно“, „има проблематично однесување“;
  • Не се „доволно лоши со учењето“ за да се согледа дека им е потребна дополнителна помош;
  • Имаат висок IQ, кој најчесто не може да се покаже на тестови;
  • Се чувствуваат безвредни и глупави и имаат слаба самодоверба; ги кријат или прикриваат слабостите со генијални стратегии, поради што нивните тешкотии ретко кој може да ги забележи;
  • Лесно се нервираат и емотивно реагираат во училиштето при читање или тестирање;
  • Талентирани се во уметност, драма, музика, спорт, механика, раскажување, продажба, бизнис, проектирање, изградба или инженеринг;
  • Се чини дека „не се присутни“ и мечтаењето е многу често;
  • Тешкотии со одржување на вниманието; се чини дека се „хиперактивни“ или „мечтатели“;
  • Најдобро учат преку активности во кои се вклучени со свое делување, демонстрации, експериментирање, набљудување и визуелни помагала.

Визуелни способности, читање и правопис

  • Се жалат на вртоглавица, главоболки или болки во стомакот за време на читањето;
  • Збунети се од букви, броеви, зборови, секвенци или усно објаснување;
  • При читање или пишување се појавуваат: повторувања, дополнувања, преместувања, испуштање букви или броеви, заменување на една буква со друга, превртување на букви, бројки и / или зборови;
  • Се жалат дека имаат чувство на движење, кое не постои за време на читањето, пишувањето или препишувањето;
  • Се чини дека имаат тешкотии со видот, но испитувањата на видот не покажуваат проблеми;
  • Поседуваат силна свесност за опкружувањето и силна моќ за перцепција – забележуваат сè околу себе;
  • Читаат и препрочитуваат со малку разбирање.

Слух и говор

  • Лесно стануваат расеани од надворешни звуци;
  • Имаат екстремно изострен слух и можат да слушаат звуци што другите вообичаено не можат да ги слушнат;
  • Имаат тешкотии со преточување на мислите во зборови;
  • Зборуваат со запирање и најчесто употребуваат фрази;
  • Не ги довршуваат речениците кога зборуваат;
  • Може да пелтечат под стрес;
  • Не можат да изговорат долги зборови;
  • Ги заменуваат фразите, зборовите и слоговите кога зборуваат.

Пишување и моторни вештини

  • Имаат тешкотии со пишување или препишување;
  • Моливот го држат необично;
  • Ракописот им е непостојан или неразбирлив;
  • Може да изгледаат „трапави“ и некоординирани;
  • Тешко се снаоѓаат во спортови со топка;
  • Подложни се на болки при движење;
  • Може да бидат амбидекстери, односно подеднакво да работат со левата и десната рака;
  • Често се збунуваат за насоки лево – десно или положби под – над, од – до, напред –назад, пред – потоа.

Математика и управување со времето

  • Имаат тешкотии со кажување и управување на времето;
  • Имаат тешкотии со учење последователни информации или задачи;
  • Покажуваат зависност од броење на прсти и применуваат други трикови несоодветно за возраста;
  • Може да ги знаат одговорите, но не можат да го претстават проблемот на хартија;
  • Можат да пресметуваат, а сепак, да имаат потешкотии при броење предмети или пари;
  • Може да не ги разбираат основните математички концепти: собирање, одземање, множење и делење.

Меморија и способност за учење

  • Имаат одлична и долгорочна меморија за искуствата, локациите и лицата;
  • Имаат слаба меморија за секвенци, факти и за информации што не ги доживеале искуствено;
  • Мислат првенствено со слики и чувства, а не со звуци или зборови (имаат многу малку внатрешен дијалог).

Однесување, здравје и развој и личноста

  • Исклучително се неуредни или компулсивно уредени;
  • Може да бидат одделенски кловнови, екстремно проблематични, или премногу тивки;
  • Може да имаат невообичаено рана или доцна фаза на развој (зборување, ползење, одење, врзување чевли);
  • Подложни се на инфекции на уво; чувствителни се на храна, адитиви и хемиски производи;
  • Може да имаат неконтролирано мокрење несоодветно за возраста;
  • Имаат невообичаено висока или ниска толеранција за болка (две крајности);
  • Имаат силно чувство за правда; емоционално чувствителни; се стремат кон совршенство;
  • Грешките и симптомите на збунетост драстично се зголемуваат при ограничување на времето за одредена активност, емоционален стрес или лоша здравствена состојба.

Дислексичните деца и возрасни може да станат страсни и ентузијастички читатели кога ќе им се дадат алатки за учење што се вклопуваат во нивниот креативен стил на учење.

Пишува: Славица Николовска – Лиценциран тренер за корекција на дислексија, дисграфија, дискалкулија и АДХД/АДД по методот на Рон Дејвис.

Сподели го написот

Остави одговор

Твојата email адреса нема да биде објавена

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>